Имате важни обврски, а косата ви е мрсна? Лажната РИБИНА КОСКА ќе ви го спаси денот!

12 октомври, 2021
Kosa

Сигурно ви се случило барем еднаш да ве мрзи да ја миете косата.

И како за инает, имате важен состанок токму тој ден.

Можеби ниту вие, ниту ние во таа ситуација навистина не би знаеле што да правиме, но затоа има решение за се на Тик-Ток.

Една корисничка сними кратко видео во кое покажа како да и дадете дополнителен волумен на косата и да го поминете денот без миење.

Се што треба да направите е да ја поделите пуштената коса на средина, а потоа, со спуштена глава, исплетете две тенки плетенки од насоките напред. Откако ќе го направите тоа, поместете ги плетенките назад и зацврстете го задниот дел од косата со еластична лента, а потоа повторете ја целата постапка со другата страна.

На овој начин, ќе направите лажна рибина коска, а ние веруваме дека техниката особено ќе им се допадне на оние кои инаку се љубители на оваа фризура.

Погледнете: