Исхрана според типот на градба на телото: Еве што и кога да јадете!

7 февруари, 2021
204011_shutterstock-635572349_ls

Знаете дека секој вид градба бара посебна исхрана. Ви донесуваме исхрана за тело во форма на песочен часовник, јаболко, круша и правоаголник

Исхрана за тип на градба: Јаболко

Карактеристики на фигурата: Масивни рамења и гради, визуелно зголемено торзо; Недостаток на акцент на половината;

Нутриционистите препорачуваат: Минимален внес на јаглени хидрати и зголемување на внесот на влакна. Дамите кои имаат ваква форма на тело се борат со холестерол и се изложени на ризик од развој на дијабетес и срцеви проблеми. Овие дами имаат зголемено ниво на кортизол, хормон на стрес.

Што да се прави?

Истегнувајте се постојано: јогата и истегнувањето ќе ве спасат.

Во вашата исхрана, фокусирајте се на внесувањето на „бавни“ јаглехидрати, на пример: леќата и просото. Не исклучувајте го посното месо.

Заклучок: Избегнувајте мрсна храна.

Исхрана за тип на градба: Круша

Карактеристики на фигурата: Масивен задник и пренагласени колкови, заоблени колена; тенка половина, а рамената и градите визуелно потесни од колковите. Вишокот тежина секогаш се држи до колковите и задникот.

Ако имате ваков вид градба, исфрлете ги јаглехидратите и месото од вашата исхрана. Се препорачува да се јаде: зеленчук со растителни влакна; кисело млеко; посно месо; бобинки и, воопшто, овошје.

Бидете сигурни да ги елиминирате: пијалоците со шеќер; колачи и слатки, како и путер и ореви.

Вежба: За вас, трчањето е класика.

Исхрана за тип на градба: Песочен часовник

Карактеристики на фигурата: Обемот на градите и колковите е приближно еднаков; масните наслаги се акумулираат хармонично, подеднакво во горниот, но исто така и во долниот дел од телото. Половината е забележително нагласена.

Обрнете внимание на здрава исхрана и вежбање. Јога, аеробик, танци се препорачуваат…

Неопходно е да се вклучи лиснат зеленчук во исхраната; говедско месо, јајца, ореви, млечни производи.

Исфрлете ги слатките!

Исхрана за типот на градба: Правоаголник

Ова е тип на тело, таканаречено „женско момче“: тесни раменици; тесни колкови; мали гради.

Кога таквата жена ќе добие вишок килограми, масите се акумулираат на стомакот и колковите. Корисно е да се вклучат протеини и масна риба во исхраната.

Ограничување: кафе и слатки.

Физичка активност: лесни вежби, пилатес, аеробик, танцување.

escort - Korsan taksi