Благодарение на оваа диета, НЕМА НИ ГРАМ МАСНОТИЈА: Вака познатата Саманта (64) од серијата „Сексот и градот“ ОДРЖУВА ТЕНКА ЛИНИЈА!

19 февруари, 2021
143981_profimedia0071365925_ls

Со години важеше за најзгодната актерка, а денес на 64 години изгледа феноменално. Актерката Ким Катрал во едно интервју откри како успева да изгледа толку добро и кои се нејзините тајни.

Ако мислите дека се откажува од многу работи, се лажете. Вистината е дека е прилично едноставно да се биде во топ форма, а еве ги нејзините совети:

Ким со години се храни со принципите на диетата Перион. Со оваа диета скоро никогаш не сте гладни, а резултатите се одлични. Освен што одржува витка линија, има корисен ефект и врз изгледот на кожата.

Станува збор за антиинфламаторна диета која ги вклучува сите групи на храна, а особено здравата храна како свеж лосос, зелен зеленчук, шумско овошје и екстра девствено маслиново масло. Шеќерите се забранети, а внесот на јаглени хидрати се намалува. Оваа диета се смета за една од најздравите.

„Мојата кожа изгледа одлично само благодарение на оваа диета“, рече Ким.

Таа додава дека, иако се обидува да се храни здраво, сепак не може да одолее на чоколадото. “Го слушам моето тело и не негирам ништо. Се обидувам да бидам дисциплинирана, но не е грев да се јаде нешто слатко од време на време”, вели таа.

Покрај правилната исхрана, таа ужива и во вежбање.

“Сакам да вежбам, отсекогаш сум бил спортски човек. Се обидувам да бидам активна 30 минути на ден. Ако не можам да одам во теретана, тогаш барем можам да направам брза прошетка во паркот”.