Диета од соништата: ЗА ПЕТ ДЕНА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ, А ГЛАВНАТА СОСТОЈКА Е ЧОКОЛАДО!

25 март, 2021
1820_chocolate-183543-960-720_f

Иако содржи темно чоколадо, тестенини и пуканки, „чоколадната“ диета брзо ги топи килограмите.

Нејзиниот творец Лени Ниман тврди дека причината е тоа што црното чоколадо го забрзува метаболизмот. Сепак, бидејќи оваа диета е рестриктивна, не треба да се држи повеќе од пет дена.

За време на диетата со „чоколадо“, треба да се избегнуваат алкохолни пијалоци, сол, шеќер, масно овошје како авокадо и кокос. Потоа висококалорично овошје, на пример грозје, смокви, банани …

Задолжително да се избегнува и пржена храна, млечни производи, црвено месо, јатки и семиња, чипс, брза храна, слатки, кафе и газирани пијалоци.

За да можете да ги изгубите очекуваните 5 килограми со помош на оваа диета, потребно е да бидете физички поактивни.

Затоа, покрај редовните активности, вклучете и три пати на ден брзо одење од најмалку половина час.

Мени:

Појадок: пуканки и овошје

Ужина: 20 грама црно чоколадо

Ручек: Тестенини со салата од зеленчук

Ужина: 20 грама црно чоколадо

Вечера: Шпагети со домат, зачинети со лук и оригано и зеленчук на пареа.

Забелешка: Во текот на денот, пијте што повеќе вода, бидејќи тоа ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне излачувањето на токсините.