Диетата со ориз стана СВЕТСКИ ХИТ: Ослободете се од КИЛОГРАМИ и лошиот холестерол

7 март, 2021
Sea fish, rise and vegetables.

Ако барате „идеална“ диета за вишок тежина и висок крвен притисок, решението е ефикасна диета со ориз. Оваа необична диета со високо ниво на сложени јаглехидрати, ниско ниво на маснотии и натриум ќе ви помогне да изгубите тежина, но и да го доведе вашиот крвен притисок во нормала. Првата фаза од оваа диета трае една недела и првиот ден треба да јадете житни култури и овошје, а другите шест дена да додадете зеленчук и мешунки, леб од интегрално брашно и млечни производи со малку маснотии. Целта на диетата е да се намали прекумерниот внес на солена храна и оние што содржат висок процент на натриум.


Во текот на денот, не треба да консумирате повеќе од 1.000 калории, 22 грама маснотии, 5,5 грама заситени масти и 500 до 1.000 мг натриум и 0 до 100 мг холестерол.

Во текот на втората фаза од диетата, можете да го зголемите внесот на калории на ден до 1.200 додека не ја достигнете посакуваната тежина. Првиот ден од секоја недела го започнувате со овошје и ориз, а во следните денови вклучувајте зеленчук и млечни производи со малку маснотии.