Како да го исчистите телото од шеќерите за само 10 дена: Ова се чекорите што водат до успех

12 мај, 2021
bored-young-lady-sitting-table-with-cake-fruits-pretty-white-girl-posing-during-breakfast-830x0

Шеќерот не е само предизвикувач на дебелина, туку и дијабетес тип 2, рак, срцеви заболувања, деменција и неплодност

Повеќето луѓе честопати прибегнуваат кон слатки и производи што содржат шеќер, а тоа е главниот виновник за многу здравствени нарушувања и болести.

Ако го елиминирате шеќерот од вашата дневна исхрана, сигурно на почетокот ќе ви недостасува. Сепак, наскоро ќе забележите дека имате се повеќе енергија и дека сте подобро расположени. Тоа ќе биде доволен поттик да живеете без шеќер.

Шеќерот е прееизвикувач на дебелина, но исто така и дијабетес тип 2, рак, срцеви заболувања, деменција и неплодност. Многу експерти и нутриционисти сметаат дека зголемената конзумација на шеќер е исто толку опасна како и пушењето.

Шеќери има во чоколадото, бисквитите и слатките, но и во многу други готови производи, дури и во оние што се рекламираат како „здрави“.

Победете ја зависноста

Дали некогаш сте се запрашале зошто ви е тешко да се откажете од шеќерот? Одговорот лежи во тоа што тој всушност му прави на вашето тело, односно во предизвикувањето зависност исто како и некои опијати.

Истражувањата покажаа дека мозокот реагира на шеќерот слично на лекови и алкохол. Затоа многу производители го додаваат на своите производи – за да ве натераат повторно да ги купите. За да се ослободите од зависностите, променете ги навиките и ослободете се од шеќерот.

За време на десетдневната детоксикација, избегнувајте ја целата храна што доаѓа во кутии, пакувања, лименки и конзерви. Јадете само свежа и сирова храна.

Освестете ја вашата желба за шеќер

Од првиот ден на детоксикација, започнете да си ги поставувате следниве прашања:

Зошто посегнувам по шеќер?

Дали сум зависник од шеќер?

Во кои ситуации посегнувам по слатки?

Ова ќе ви помогне да станете свесни за вашата зависност и ситуации во кои посегнувате по слатки, така полесно ќе ги препознаете предизвикувачите на желбата.

Отфрлете ги засладените газирани пијалоци

Познато е дека газираните пијалоци се полни со шеќер и дека поголемата конзумација на такви пијалоци доведува до дебелеење, а потоа и до дијабетес тип 2. Калориите од ваквите сокови се апсорбираат побрзо во вашето тело и предизвикуваат ненадеен пораст на нивото на шеќер во крвта.

Целосно откажете се од шеќерот

Ако повремено се препуштите на слатки со шеќер, нема да постигнете ефект на детоксикација. Како и кај лекуваните зависници, на кои не им е дозволено да конзумираат никакви наркотични средства или чаша алкохол (затоа што на тој начин тие се враќаат во магичниот круг), така треба целосно да го елиминирате шеќерот од менито.

Ако купувате прехранбени производи, внимателно прочитајте ги декларациите за да знаете кој од нив содржи дополнителен шеќер.

Збогатете го менито со растителни протеини

Јадете јатки што содржат протеини, како што се лешници, бадеми, ореви и индиски ореви.

Во случај да бидете гладни, секогаш при рака имајте закуска направена од јатки, што ќе го контролира нивото на шеќер во крвта.

Конзумирајте здрави масти

Истражувањата покажуваат дека јадењето здрави масти (како што се кокосово, маслиново или ленено масло) нема да ве дебелее, туку ќе го подобри целокупното здравје.

Изберете здрави јатки, семиња и авокадо, кои се богати со омега-3 масни киселини.

Јадете што е можно повеќе зеленчук, но без скроб

Зеленчук како кељот, карфиолот и брокулата, потоа кромидот, печурките, доматите, зелените мешунки и модриот патлиџан може да се конзумира во големи количини.

За време на 10 дневната детоксикација, избегнувајте храна што содржи скробни јаглехидрати како компири, сладок компир, тиква, цвекло, како и житарки и грав, бидејќи оваа храна ќе го забави силниот ефект на детоксикација.

Избегнувајте млечни производи и глутен

Често посакуваме храна што предизвикува алергии, како што се глутен и млечни производи. Покрај стимулирање на воспалителни состојби во организмот, тие дополнително предизвикуваат желба за слатки.

Затоа, барем во 10 дневната детоксикација, треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.

По неколку дена без глутен и млечни производи, ќе забележите дека имате повеќе енергија.

Овозможете си квалитетен сон

Осигурајте си барем 7 часа квалитетен сон навечер. Ова ќе ја зајакне вашата волја во текот на 10 дневната детоксикација.

Познато е дека недостатокот на сон води до раздразливост и дисбаланс на хормоните, што дополнително предизвикува силна желба за слатки и јаглехидрати.

escort - Korsan taksi