Калории во алкохолoт: Најмногу има во коктелите, а најмалку во џинот

23 мај, 2021
kobby-mendez-xBFTjrMIC0c-unsplash-750x455-1

Половина литар пиво има околу 240 калории и сега замислете да испиете четири пива во текот на вечерта, тоа е како да изете две чоколади од 100 грама.

Слична е ситуацијата и со сајдерот. Овој сè попопуларен пијалок содржи околу 230 калории на пола литар додека силното црно пиво има околу 220 калории. Затоа, ако сте на диета, внимавајте што пиете и во кои количини, односно бројте ги калориите како со храната.

Имено, нашето тело регистрира на алкохолот како на отров, па затоа се обидува што побрзо да го претвори во нешто помалку штетно – во вишок енергија што се претвора во маснотии што се акумулираат на стомакот кај мажите и на бутовите кај жените, пишува 24sata.

Еден од нискокалоричните коктели е џин тоникот (со тоник без шеќер) – 64 калории, џус вотка 60 калории и чаша бело вино 160 калории.

Список на калории во 100 ml на други алкохолни пијалоци:

Шампањ – 85 kcal

Бело вино – 85 kcal

Црвено вино – 80 kcal

Коњак 38 вол% алкохол – 230 kcal

Коњак 50 вол% алкохол – 375 kcal

Ликери – 250 kcal

Ракија 25 вол% алкохол – 175 ккал

Ракија 33 вол% алкохол – 195 kcal

Ракија 50 вол% алкохол – 350 kcal

Рум 40 вол% алкохол – 280 kcal

Бренди 40 вол% алкохол – 230 ккал

Вињак – 250 kcal

Виски – 250 kcal

Вотка – 230 kcal

Калории во коктели:

Long Island Ice Tea – 780 kcal

Маргарита – 740 kcal

Пина Колада – 644 ккал

White Russian – 425 kcal

Маи Таи – 350 kcal

French 75 – 250 kcal

Fog Cutter – 225 kcal

Џин/вотка i tonik – 200 kcal

Мохито – 160 kcal

Космополитан – 150 kcal

escort - Korsan taksi