КЕТО ДИЕТАТА МОЖЕ СЕРИОЗНО ДА ГО ЗАГРОЗИ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, АКО ЦВРСТО СЕ ДРЖИТЕ ДО ОВА: тврди нутриционистката Данијела Масловариќ!

13 мај, 2021
240813_shutterstock-1678817467_ls

“Популарната кето диета што може да се најде на Интернет не е вистинската, класична. Тоа е, всушност, модифицирана Аткинсонова диета. Внесувањето на масти и протеини е слободно, но јаглехидрати скоро и нема, од 10 до 15 проценти,” вели Даниела. Масловариќ предупреди дека диетата Аткинсон во неколку форми, кои “се вртат на социјалните мрежи “, не се препорачува за губење на тежината, и дека едно лице може да биде на таков режим најдолго еден месец.

Кето диетата содржи исклучително ниско ниво на јаглехидрати, умерена содржина на протеини и високо ниво на масти. Резултатот од оваа диета е недостаток на маснотии и зачувување на мускулната маса. Многумина се одлучуваат за тоа без да размислат како овој начин на исхрана влијае на здравјето.

Нутриционистката Даниела Масловариќ од Институтот за мајка и дете „Д-р Вукан Чупиќ“ од Белград, објасни дека ваквата диета всушност е наменета за деца кои имаат епилепсија отпорна на лекови, односно не реагираат на лековите, но исто така и за нарушувања и болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест, леукемија, покачен холестерол, тумор на мозок, полицистични јајници. Нутриционистот предупреди дека кето диетата може сериозно да го загрози здравјето доколку се применува без стручен надзор.

“Популарната кето исхрана што може да се најде на интернет не е вистинската, класична. Тоа е, всушност, модифицирана Аткинсонова диета. Внесувањето на масти и протеини е слободно, но јаглехидрати скоро и да нема, од 10 до 15 проценти” вели Даниела.  Масловариќ предупреди дека диетата Аткинсон во неколку форми, кои “се вртат на социјалните мрежи “, не се препорачува за губење на тежината, и дека едно лице може да биде на таков режим најдолго еден месец. За оние кои треба да бидат на оваа диета поради болест, таа трае до две години, а потоа постепено се укинува – повторно, под медицински надзор.

Таа истакна дека ниеден вид храна не е експлицитно забранет, но дека, за да се добијат посакуваните ефекти, има храна што „не се препорачува“. Меѓу нив има концентрирани слатки, сокови и грицки.

Во зависност од видот на кето диетата, понекогаш се додаваат житарки, ориз, компири… Според нутриционистката, одредени количини јаглехидрати мора да се внесат бидејќи постои опасност од хипогликемија. Бидејќи млекото и јогуртот имаат многу јаглехидрати и протеини, и немаат многу масти  затоа павлаката, путерот, полномасните сирења се подобри за кето диетата…

escort - Korsan taksi