НАЈДОБРА ДИЕТА веќе 10 години! Жените полудеа за неа и тврдат дека НАМАЛУВА ВИСОК ПРИТИСОК!

21 февруари, 2021
558291_struk01-profimedia-profimedia_ls

Тоа е диета заснована на зеленчук и овошје, месо, млечни производи со малку маснотии, риба, пилешко и мисирка, како и масти што ги сака срцето.

Уште во 1992 година, студија на американскиот институт за здравство докажа дека промените во исхраната можат да го намалат крвниот притисок.

Бидејќи негативно влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем и може да биде многу опасно, потребно е добро да се контролира. Експертите ќе речат дека ДАШ диетата (DASH – Диететски приоди за запирање на хипертензијата) е многу добра диета и може да влијае на спречување на остеопороза, дијабетес, рак, камења во бубрези и депресија.

Тоа е диета заснована на зеленчук и овошје, месо, млечни производи со малку маснотии, риба, пилешко и мисирка, како и масти што ги сака срцето.

Преработената храна се заменува со здрава, целосна храна за да се намали внесувањето сол. Вклучува и храна богата со калциум и калиум, кои имаат ефект на намалување на крвниот притисок. До денес, оваа диета има најмногу собрани податоци што откриваат што може да направи за вашето здравје.

Оваа диета :

Го намалува крвниот притисок

Дали диетата ДАШ е добар избор за вас?

Тоа е одличен избор за оние кои сакаат да го намалат крвниот притисок и со тоа да ги намалат шансите за болести на срцето и крвните садови. Две до три порции млечни производи на ден се вклучени во оваа диета, па затоа не е идеален избор за оние кои не сакаат млеко или се вегани. Ако јадете многу преработена храна, започнете полека со оваа диета. Ако не јадете многу овошје, зеленчук и житарки, оваа диета нема да биде вашиот омилен избор. Постепено додавајте ја оваа храна во вашата исхрана, така што вашето тело има шанса да се навикне.

Според експертите, диетата не е идеална за луѓе кои имаат заболување на бубрезите.

Пример за дневно мени

Појадок: незасладена овесна каша со млеко, овошје и ореви

Ручек: Салата со туна, брокула, домат, фета, интегрални тестенини со додавање на бобинки (бобинки тука се сметаат за десерт)

Вечера: Ракчиња со кускус, печен карфиол и салата

Ужина: 1 мало јаболко и кафе

Може ли да изгубите тежина придржувајќи се на овие диети?

Не е дизајнирана за слабеење, туку за заштита на здравјето, а доколку сакате да изгубите тежина, обрнете внимание на внесот на калории.