Истражувањата докажаа: Консумирањето кафе го намалува ризикот од хронични заболувања

1 јули, 2021
Screenshot_7

Еве кое кафе е најдобро

Консумирањето на кафе со кофеин (мелено или инстант) или без кофеин е поврзана со намален ризик од развој на хронично заболување на црниот дроб и сродни заболувања на црниот дроб, открива новата студија објавена во списанието BMC Public Health. Најдобри резултати покажаа луѓето кои користат мелено кафе и пијат 3, најмногу до 4 шолји кафе во текот на денот.

Истражувачи од Universities of Southampton i Universities of Edinburgh во Велика Британија откриле дека пиењето било каков вид кафе е поврзано со помал ризик од развој и умирање од хронично заболување на црниот дроб, во споредба со луѓето кои не пијат никакво кафе. Авторите проучувале податоци од UK Biobank на 495.585 учесници кои знаеле колку кафе консумираат (околу 3 шолји максимум на ден) и кои биле следени во просек од 10,7 години за да следат кој развил хронично заболување на црниот дроб и сродните состојби на овој орган .

Од сите учесници во студијата, 78 проценти (384.818) конзумирале мелено или инстант кафе со или без кофеин, додека 22 проценти (109.767) не пиеле никаков вид кафе. За време на периодот на студијата, имало 3.600 случаи на хронично заболување на црниот дроб, вклучувајќи 301 смрт. Покрај тоа, имало 5.439 случаи на хронично заболување на црниот дроб или стеатоза (акумулација на маснотии во црниот дроб, исто така познато како масно заболување на црниот дроб) и 184 случаи на хепатоцелуларен карцином, еден вид рак на црниот дроб.

Во споредба со оние кои не пијат кафе, оние кои пиеле кафе имаа 21% намален ризик од хронични заболувања на црниот дроб, 20% намален ризик од хронични или масни заболувања на црниот дроб и 49% намален ризик од смрт од хронично заболување на црниот дроб. Максималната корист е забележана во групата што пиела мелено кафе кое содржи високо ниво на состојки кахвеол и кафестол, за кои се покажа дека се корисни против хронично заболување на црниот дроб кај животните.

Инстант кафето, кое има ниско ниво на кахвеол и кафестол, е исто така поврзано со намален ризик од хронично заболување на црниот дроб. Иако намалувањето на ризикот беше помало од оној поврзан со мелено кафе, откритието може да сугерира дека други состојки или комбинации на состојки потенцијално може да бидат корисни.

– Кафето е широко достапно и придобивките што ги гледаме од нашата студија може да значат дека може да понуди потенцијален превентивен третман за хронично заболување на црниот дроб. Ова би било особено вредно во земјите со пониски примања и посиромашен пристап до здравствена заштита и каде товарот на хронично заболување на црниот дроб е најголем, вели д-р Оливер Кенеди, водечки автор на оваа студија.

escort - Korsan taksi