Истражување покажа кога е најдобро да јадете ако сакате да ослабете: Сѐ што треба да правите е да се разбудите рано наутро!

16 март, 2021
2466699_profimedia0470194405_ls

Ако сакате да изгубите тежина и да го забрзате метаболизмот, најдобро е да јадете брзо по будењето. Ручекот се препорачува од 12,30 до 13,00 часот, а вечерата во 18,00 часот, откри ново истражување.

Кој јаде во оптимално време и се држи до рутината, има подобро варење и го охрабрува метаболизмот да работи побрзо, покажало истражување на британската компанија Форка Саплементс на повеќе од 1000 луѓе. Според неа, раниот појадок е клучот за побрзо слабеење, а оптималното време за првиот оброк во денот е 7 часот и 11 минути, пишува Дејли Меил.

Што се однесува до ручекот, тој е идеално помеѓу 12,30 и 13 часот, додека вечерата подоцна од 18,30 часот е најчест саботер на диетите, тврдат експертите. Повеќе од 84 проценти од луѓето кои изгубиле тежина и успешно ја одржувале својата нова тежина, јаделе оброци во одредено време, а прескокнувањето оброци на долг рок се покажало како многу лошо за слабеењето, што докажува дека гладувањето предизвикува јо-јо ефект, односно брзо губење и потоа враќање на тежината.

frižider, namirnice, kuhinja, hrana

Повеќе од три четвртини од луѓето тврдат дека лесниот ручек не е најдобра идеја за оние кои држат диета, бидејќи предизвикува голем глад и прејадување за вечера.

  • „Појадување како крал, ручек како принц и вечера како просјак е стара мантра која навистина работи. Вечерните калории се најважни, и иако гладуваме цел ден, богата вечера ќе ги уништи сите напори за слабеење“ – изјави директорот на Форка Саплеменс, Ли Смит.
Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris