Изборете се со заморот, главоболките и недостатокот на концентрација: Направете го ова и одморете го мозокот за време на викендот

8 август, 2021
Screenshot_4

Иако се смета дека прекувремената работа дава подобри резултати денес, научниците не би се согласиле. Тие тврдат дека одморениот мозок дава најдобри резултати

Со помош на овие совети, понеделник ќе го дочекате со опуштено и добро расположение.

1. ПРОШЕТАЈТЕ ВО ПРИРОДА

Бројни студии покажаа дека престојот во природа и долгата прошетка е идеален тип на одмор за време на викендот. Тие имаат позитивен ефект врз физичката и менталната состојба на една личност. Не е важно дали надвор е сончево или врне, овој тип на одмор ќе му угоди на вашиот мозок.

2. ЗАТВОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ

Визуелната стимулација врши постојан „притисок“ врз мозокот. Информациите што се пренесуваат преку вид се обработуваат од мозокот со голема брзина, што значи голем товар. Кој е начинот за борба против овој вид притисок? Едноставно затворете ги очите, земете длабоко воздух и одморете се од сѐ околу вас. Само неколку секунди ќе бидат доволни за да го освежите вашиот мозок.

3. СПИЈТЕ

За да може целото тело да функционира правилно, вклучувајќи го и мозокот, му треба сон. Мозокот кој не се одморил најмалку 6 часа не може да функционира правилно, па ќе забележите дека мислите ви „бегаат“ и ви се одвлекува вниманието, што ве спречува да размислувате рационално. Кога некое лице спие, мозокот продолжува да работи, но исто така ги брише мислите и процесите што ве придружувале во текот на денот.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi