ЈА ИМАТЕ ДОМА! Со помош на ОВАА ЗАЧИНСКА БИЛКА ќе ги отстраните дамките и пегите од сонцето

20 јуни, 2021
11489-plaza-suncanje-more

Многу се зборува за негативното влијание на сончевото зрачење, а една од последиците се темните дамки што се појавуваат на лицето.

Ако сте го забележале ова кај себе, најверојатно станува збор за хиперпигментација, а еве како да ги отстраните флеките по природен пат.

Направете лосион од магдонос: прелијте 25 гр свежи лисја од зачинската билка со 2 дл вода и варете додека не зоврие, па оставете да се излади. Процедете низ најситно сито и измешајте со 3 дл газирана вода, која претходно стоела во чаша најмалку 18 часа и изветреала. Истурете го лосионот во стаклено шише и чувајте го во фрижидер, користете го за чистење на лицето секој ден, наутро и навечер. Пегите и дамките на лицето прво ќе избледат, а потоа целосно ќе исчезнат.

Дамките и пегите ќе бидат отстранети и со маска од магдонос, што ќе ја врати еластичноста на кожата. Нанесете две лажици мелен магдонос (свежи лисја и стебла) на исчистеното лице и оставете го да делува половина час. Потоа исплакнете со ладна вода и нанесете хидратантна крема на лицето.