ЈАДЕ СЕ, ОД НИШТО НЕ СЕ ОТКАЖУВА, А ВО 6-ТАТА ДЕЦЕНИЈА ИЗГЛЕДА КАКО МИЛИОН ДОЛАРИ: Ова е диетата на Никол Кидман!

28 јуни, 2021
201411_profimedia0476783459_ls

Актерката изгледа навистина беспрекорно, а секој што тврди спротивно е или слеп или љубоморен. и, еве што и должи на својата витка линија и одлична форма.

Совршената фигура ја краси уште кога блескаше на холивудското актерско небо. Никол Кидман никогаш не криеше дека многу се грижи за својот изглед и здравје, а ако се прашувате која е нејзината тајна и како успева да биде толку витка сите овие децении, одговорот конечно пристигна.

Nikol Kidman

Австралиската актерка практикува специјална диета, попозната како диета 80:20. Тоа значи дека јадете здрава храна 80 проценти од времето, а останатите 20 се релаксирате и уживате во омилените слатки, закуски и тесто.

Nikol Kidman

„Јас воопшто не сум строга кога станува збор за исхраната. Јадам сè, но во умерени количини“ – откри актерката во интервју за Лос Анџелес Тајмс. – „Се обидувам да јадам здраво 80 проценти од храната … понекогаш паѓа на 70 проценти. Но, мислам дека најважно е да најдете што ви одговара, и јас сум навистина полна со енергија.“

Нутриционистите ја поддржуваат оваа диета бидејќи не вклучува елиминирање на која било група на храна, ниту опсесивно броење калории. Покрај тоа, тие советуваат оброците да се планираат однапред, за да има подобра контрола врз храната што се внесува.