Јазлите на тироидната жлезда се всушност тумори! А ова се првите симптоми

17 јуни, 2021
Screenshot_3

Тироидни јазли или нодули (чвор) се промена на тироидната жлезда кои се однесуваат на абнормален раст на тироидните клетки кои формира грутка во рамките на тироидната жлезда.Тироидните јазли можат да бидат единечни  или мултипни , а по својата структура главната поделба е на бенигни и малигни. Околу 95% од тироидните јазли се бенигни, само 5% се малигни. Бенигните јазли најчесто не прават проблеми, но со цел да се  дијагностицира и лекува рак на тироидната жлезда во најраната фаза, повеќето тироидни јазли неопходно е клинички да бидат следени.

ИНЦИДЕНЦА

Тироидните јазли се чета појава кај возрасните , особено жените, барем 4 пати повеќе (според некои и повеќе). Инциденцата се зголемува со возраста: кај претпубертетските деца е 1%, во тинејџерска возраст е 1,5% , понатаму се зголемува за во шестата декада да достигне 5%. Општо според најголем број на студии инциденцата кај жените е 6,4% а кај мажите е 1,5 %. Точни податоци за состојбата во нашата земја нема, но имајќи во предвид дека сме во регион со ендемеска застапеност на тироидни болести, оваа инциденца можеби е повисока.

Бенигни тироидни јазли – најчести типови на бенигни јазли на тироидна жлезда се:

  • Колоидни јазли
  • Фоликуларни јазли
  • Автономни јазли
  • Тироидни цисти (јазли кои содржат течност или крв)

Не е позната вистинската причина за настанување на тироидни јазли, но постојат неколку ризик фактори кои ја зголемуваат можноста за настанување на тироиден јазол: Hashimoto тироидит, недостаток на јод во исхрана и генетски абнормалности.

Знаци и симптоми:

Повеќето тироидни јазли не предизвикуваат симптоми. Често, тироидни јазли се откриени случајно за време на рутински физички преглед или  ултразвук на вратот направен за целосно неповрзани причини. Повремено, пациентите со нодули на тироидната жлезда забележуваат испакнување во облик грутка на  вратот додека се гледаат во огледало, при закопчување на нивната јака или прицврстување на накин. Абнормални лабараториски  тестови (хормони)  за функцијата на тироидната жлезда може понекогаш да бидат причината поради која тироиден јазол е пронајден. Тироидни јазли може да производстваат на вишокот на  тироидните хормони кои предизвикуваат хипертироидизам . Сепак, повеќето тироидни јазли, вклучувајќи ги и оние кои канцерогени, се всушност без променетета  функција на тироидната жлезда, што значи тестови продукцијата на хормони е нормална. Ретко, пациенти со тироидни јазли може да се жали на болка во вратот, вилицата или уво. Ако еден јазол е доволно голем за да ги компресира душникот и хранопроводот тоа, може да предизвика тешкотии со дишењето, голтање. Дури и поретко , засипнатост можеда бидат предизвикани ако јазолот врши притисок  на нервите кои ги контролираат гласните жици, но тоа е обично поврзани со рак на тироидната жлезда.

  1. Симптоми на хипертироидизам – доколку јазолот продуцира тироидни хормони(топол јазол)
  2. Болка во вратот или увото
  3. Отежнато голтање
  4. Чешање во грло
  5. Отежнато дишење
  6. Засипнатост
escort - Korsan taksi