Јога за мозок: Ја подобрува интелигенцијата, ја поттикнува креативноста!

2 февруари, 2021
joga

Јогата за мозокот е многу едноставна техника која на крајот ги подобрува интелектуалните способности, релаксира, поттикнува креативност, духовност …

Таа се заснова на суптилно преобликување на енергија што позитивно влијае на нашиот ум, преку комбинација на притисок, дишење и движење.

Постапката е:
Свртете се на исток ако сте помлади, и на север ако сте постари.
Залепете го јазикот на непцето и држете го.
Раширете ги стапалата малку, да бидат разделени во ширина на рамената.
Стиснете го десниот ушен лобус со левиот палец и показалецот.
Стиснете го левиот ушен лобус со десниот палец и показалецот.
Левата рака мора да биде од внатрешната страна на градите, а десната однадвор (лево) – ова е правилна позиција.
Издиши и вдиши. Кога станувате, истовремено издишете – оваа инструкција за дишење не треба да се менува за време на вежбање.

escort - Korsan taksi