Каде исчезнаа сите слободни мажи? Нема да ги пронајдете ако седите дома

11 март, 2021
37766613772_38c383693f_b

Привлечете ги со вашиот шарм

Привлечноста е универзален феномен и кога станува збор за личноста, a постојат некои карактеристики кои се подеднакво привлечни и за мажите и за жените, пишува Cosmopolitan.hr Значи, кога ќе размислите како да привлечете маж, размислете што може да ве привлече вам. Кога ќе запознаете момче, нема ништо понепривлечно од неговото тивко или депресивно однесување или монолог за работа што не ја сака. Луѓето ги привлекуваат среќни и сигурни луѓе. Фокусирајте се на покажување на вашата одлична личност и оставање на поплаките за вашите другарки.

Ако сте повеќе склони кон песимизам (а се надеваме дека не!), запишете на хартија три работи за кои сте благодарни секој ден, без разлика дали се работи за семејство, пријатели или прекрасни спомени, нешто што е посебно за вас. На овој начин, ќе поттикнете позитивно размислување, а со тоа и ќе ги привлечете сите момци околу вас.

Направете го да се чувствува добро со вас

Дали ви се допаѓа кога мажите ви даваат комплименти? Ниту тие не се имуни на ласкање. Не плашете се да му фрлите неколку комплименти за секси бицепс, шармантна насмевка или одлична смисла за хумор. Ако направи нешто убаво за вас, ве почести со вечера, ве вози некаде или ви даде комплимент, покажете му дека го цените тоа.

Охрабрете го да оди на лов

Иако повеќето момци сакаат да ловат и да флертуваат со жени, им треба малку охрабрување. Секако, изгледа дека мажот го направил првиот чекор, но всушност тоа го прават жените и тоа со нивните очи. Експертите за говорот на телото велат дека е потребно да се погледне маж најмалку три пати за тој воопшто да го забележи тоа. Погледнете во негова насока и држете го погледот не подолго од 20 секунди, а потоа повторете го ова. Додадете и малку насмевка за да не постапувате премногу сериозно. Кога конечно ќе ви пријде, не фрлајте се веднаш кон него да му кажете колку ви се допаѓа, бидете малку мистериозни во оваа фаза.

Не постапувајте застрашувачки

Ако сака тој да ве покани надвор, обидете се да му го олесните тоа. Бидете сигурни дека говорот на вашето тело е топол и пријателски; избегнувајте вкрстување на рацете, држете ги рамената исправени и бидете свртени кон него.

Не бидете премногу љубопитни; последното нешто што треба да го прашате мажот кога излегува е местото каде живее, што прави и со кој автомобил вози. Повеќето мажи можат да намирисаат девојка која е заинтересирана само за пари со километри и тоа е последниот впечаток што сакате да го оставите.

Нема да сретнете никого дома

Ако само седите дома, единствениот човек што ќе го сретнете е поштарот и тој веројатно е зафатен. Поместете го задникот и започнете да посетувате нови места. Најважно е да излезете некаде каде што мажите можат да ви пријдат. Размислете за потенцијалните места за средби. Излезете и флертувајте. Дури и никој да не ви пријде, ќе се забавувате.

escort - Korsan taksi