Кафето е сепак најздравиот пијалок со кофеин? Еве кои пијалоци со кофеин се опасни за здравјето!

25 јули, 2021
42ee91af7a4fcabae37cb5485701b97a724f457a

Кофеинот не може да има лоши последици по здравјето доколку се добие природно, а тоа се чајните лисја и зрната кафе кои се природно богати со кофеин. Меѓутоа, кога кофеинот е вештачки создаден и инјектиран во пијалоци, тој може да стане крајно нездрав и опасен, потврди неодамнешната британска научна студија.

Ви донесуваме список на неколку пијалоци богати со кофеин кои се нездрави за нашето тело.

Енергетски пијалоци

Енергетските пијалоци содржат висок процент на шеќер, околу 54 грама, а таквата количина шеќер ја поттикнува дебелината и лошо влијае на варењето на храната. Имено, целта на енергетските пијалоци е лицето кое ги консумира да внесе голема количина кофеин.

Сепак, неприродните количини на кофеин и шеќер не се здрави за нашето тело, ниту пак ја стимулираат нашата енергија на здрав начин. Наместо да пиете енергетски пијалоци, внесувајте целосна храна и витамин Б.

Газирани пијалоци

Еден од најнездравите пијалоци со кофеин се газирани пијалоци, а безалкохолните пијалоци богати со кофеин претставуваат двојна закана за здравјето. Покрај тоа што содржат огромни количини шеќер, тие се богати и со кофеин. Пиењето вакви пијалоци може негативно да влијае на биолошкиот ритам доколку се пие по 17 часот. Покрај тоа, газираните пијалоци можат да предизвикаат хиперактивност.

Спортски пијалоци

Кофеинот може да помогне и при вежбање, поради што често се додава на спортски пијалоци. Треба да се напомене дека малите количини на кофеин за време на вежбање нема да бидат проблем. Но, ако некое лице внесе премногу кофеин, тоа може да предизвика забрзано отчукување на срцето и висок крвен притисок.

Покрај тоа, големи количини на кофеин можат да го нарушат стомакот. Сите овие несакани ефекти негативно влијаат на перформансите пред и за време на вежбање.

escort - Korsan taksi