Како да јадете месо, но истовремено да одржувате здрави навики во исхраната?

3 октомври, 2021
1633243512-shutterstock_1619708224-e1633243560916-750x391

Ако сте љубители на месо, ќе се чувствувате лошо уште при самата помисла дека треба да се откажете. Иако има придобивки од растителната храна, тоа не значи дека треба да го исклучите месото од вашата исхрана за да одржувате здрави животни навики. Важно е да земете во предвид какви видови месо јадете и во кои количини.

Се разбира, вие исто така може да имате некои причини за намален внес на месо, како што се еколошки причини, љубов кон животните или можеби финансиски причини. Но, кога станува збор за исхраната, има добри и лоши последици од конзумирањето месо секој ден.

Извор на протеини

Месото е богато со заситени протеини, кои играат неколку многу важни улоги во вашето тело. Учествуваат во производството на мускули, ткива, хормони и придонесуваат за пренос на молекули и антитела.

Тие исто така го снабдуваат телото со енергија и есенцијални амино киселини. Протеините од животинско потекло се комплетни, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални амино киселини, но не сите видови месо се подеднакво здрави.

Најдобрите видови месо се: бело месо (од пилешко или мисиркино), свинско филе, посни делови од говедско или мелено говедско месо кое содржи максимум седум проценти маснотии.

Извор на железо

Месото содржи некои хранливи материи што е тешко да се добијат од друга храна, како што е железото.

„Железото од животинско пот6екло се апсорбира многу подобро отколку железото од растителната храна“, вели диететичарот Миа Син.

Извор на витамини од групата Б

Витаминот Б од месото го стимулира метаболизмот и му помага на телото да произведе енергија. Особено, витаминот Б12 му е потребен на телото за производство на црвени крвни клетки.

Меѓу вегетаријанците и веганите, 62 проценти од бремените жени, 86 проценти од децата, 41 проценти од адолесцентите и 90 проценти од постарите имале недостаток на витамин Б12, според истражувањето спроведено во 2013 година.

На вегетаријанците и веганите им се препорачува да земаат витамин Б12 како додаток во исхраната.

Од друга страна, негативната страна на конзумирањето месо е тоа што може да биде богато со заситени масни киселини, црвеното и преработеното месо е поврзано со болести и може да содржи прекумерни количини на натриум.

„Може да јадете месо секој ден, додека успевате да одржувате здрави навики во исхраната“, вели диететичарот, додавајќи дека месото е извор на висококвалитетни протеини, но дека треба да обрнете внимание и на видот на месо што го консумирате, исто така колку често консумирате.

escort - Korsan taksi