Како да направите мирисот на омекнувач да трае подолго: Едноставен трик кој ќе ја врати свежината на облеката и постелнината

7 септември, 2021
sundjer-trik

Овој метод е подобро решение од купените мириси

Со доаѓањето на постуденото време, просторот за живеење во кој поминуваме најмногу време е помалку проветрен, и често се вшмукува во гардеробата и го задржува непријатниот мирис. Повеќето луѓе уживаат во мирисот на чиста, мека и свежо исперена облека, но тој мирис исчезнува многу брзо и потребно е да се повтори целиот процес на перење, сушење и пеглање за повторно да уживате, барем за кратко време.

Благодарение на социјалните мрежи и креативните луѓе кои се полни со новини, имаме решение и за овој проблем. Домаќинка од Америка по име Мада редовно објавува трикови за чистење на социјалните мрежи, а овој пат одлучи да им открие на жените ширум светот како нејзината облека и постелнина го одржуваат мирисот на омекнувач со денови.

Како што објаснува, потребни ви се три сунѓери за миење садови, половина литар од омилениот омекнувач и иста количина вода. Исечете ги сунѓерите на два еднакви дела, а потоа ставете ги во сад. Истурете омекнувач и вода, потоа промешајте и затворете го садот.

Сѐ што треба да направите е да ги ставите исперените алишта и / или постелнина во машината за сушење алишта, а потоа вметнете го натопениот сунѓер во барабанот за да се исуши заедно со алиштата. Најдоброто нешто е што можете да го вратите користениот сунѓер во садот и повторно да го користите.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi