Како да ослабам: Медитеранската исхрана е поефикасна од вежбање

14 мај, 2021
kako-da-smrsam-mediteranska-ishrana-efikasnija-od-vezbanja-1264838977-768x480

Со години наназад, медитеранската диета е една од најздравите.

Но, тим научници излегоа со нови сознанија. Националната кујна на Грција, Шпанија и јужна Италија главно се базира на свежо овошје и зеленчук, маслиново масло, риба како и цели зрна. Тоа е избалансирана и здрава исхрана која е добра за кожата и косата, но исто така и за срцето и е многу достапна.

Сите истражувања покажуваат дека медитеранската диета го намалува ризикот од срцеви заболувања, за цели 50 проценти, а со тоа се обезбедува и подобар ефект од самото вежбање.

Студијата вклучила околу 2.500 возрасни испитаници во текот на една деценија, на возраст од 18 до 89 години, чиј резултат се базира на примена на медитеранска диета. Една третина од тестираните дури покажаа 47% помал ризик од срцеви проблеми. Во превод, медитеранската диета го намалува процентот на болести за дури 3 проценти!

„Студијата открива дека медитеранската диета има директни придобивки за здравјето на срцето, но исто така индиректни и при регулирање на дијабетес, хипертензија и разни воспаленија. Само ни кажува дека медитеранската диета е добра за сите луѓе, како и за двата пола, за сите возрасни групи, а пред сè за здравите луѓе, како и за оние кои имаат здравствени проблеми “. објаснува научникот Екави Георгусопулу во студиите.

escort - Korsan taksi