Како да разликувате синусна инфекција од коронавирус?

4 јануари, 2021
shutterstock1596088480-830x0

Имаат многу заедничко, особено губењето на сетилото за мирис

Зимата е време кога луѓето страдаат од инфекции, но бидејќи е прогласена пандемија на корона вирус, многумина не знаат дали имаат корона, обична настинка, кивање или синузитис. Симптомите на синусна инфекција можат да бидат особено збунувачки, бидејќи тие се многу слични на симптомите кои го придружуваат Ковид-19.

Синузитис или риносинузитис е состојба во која мукозната мембрана на синусите е под воспаление. Потоа, тука е процес на оток на мукозните мембрани, што дополнително предизвикува назална конгестија, чувствителност и болка во областа на носот, очите и челото, како и слабост. Придружни симптоми на оваа состојба се главоболка, треска, но и намалено чувство за мирис.

Постојат акутен и хроничен синузитис; првиот трае до десет дена, а за поблаги форми не е потребно да се посети лекар. Акутниот синузитис никогаш не трае подолго од четири недели, додека хроничниот синузитис се карактеризира со времетраење на симптомите подолги од 12 недели, и покрај примената на терапија. Акутниот синузитис обично се јавува како резултат на грип, а во ретки случаи е предизвикан од бактериска инфекција.

Да се ​​потсетиме на најчестите симптоми на Ковид-19:

  • Зголемена телесна температура
  • Сува кашлица
  • Замор
  • Болки во мускулите
  • Воспалено грло
  • Главоболка
  • Губење на чувството на мирис и/или вкус
  • Отежнато дишење
  • Дијареа
  • Мачнина/повраќање

Како да ги разликувате овие две инфекции?

Со синузитис, главниот симптом е чувство на притисок врз лицето и затнат нос. Со синузитис, нема да имате болка во мускулите, отежнато дишење и дијареја.

Сепак, некои симптоми на обете болести се идентични, затоа не двоумете се да посетите лекар, бидејќи овие две болести не се исклучуваат едни со други.