Како да знаете дали краевите на косата ви се испукани: Овој трик открива дали е време за посета на фризер

20 август, 2021
hairdressing-15163521920-830x0

Одамна е познато дека силата на жената е во нејзината коса. „Понежниот пол“ вложува многу време и напор во нивната коса, за да биде убава и негувана. Во текот на летните месеци, косата е особено погодена поради влијанието на силното сонце, водата од морето или базенот, па често се крши.

Затоа е важно да знаете кога е време да ги исечете и скратите краевите и да ги обликувате.

Фризерка Хана Кели го сподели советот на социјалната мрежа TikTok за тоа како веднаш да одредите дали е време за шишање или не.

Ако имате темна боја на коса, и не сакате премногу да ја кратите, ставете бела хартија под вашата коса и веднаш ќе забележите дали и колку краеви се испукани.

За да ја одржите косата здрава и сјајна, треба редовно да ги скратувате краевите.

  • Ова е брз совет за оние со темна коса кои не сакаат премногу да ја скратат; ставете бела хартија под косата и над неа точно може да се види во каква состојба се краевите и колку косата е испукана – таа тоа и го покажа на темнокоса клиентка и додаде дека оние со посветла боја на коса можат да користат потемна хартија.

Нејзиното видео наскоро стана вирално, со повеќе од три милиони прегледи и 213.000 лајкови, а стотици корисници на „ТикТок“ ги споделија своите впечатоци во коментарите.

  • Одличен совет и навистина „функционира“ – беше еден од нив.
escort - Korsan taksi