Како да знаете дали сте зависни од кофеин?

28 август, 2021
f782a595d33e2d22b2be01305f36e16347e56c63

Многу луѓе не можат да го замислат почетокот на денот без кафе. Тоа стана утринска, но и дневна рутина.

Околу 75-80% од луѓето ширум светот редовно пијат пијалоци со кофеин, а кафето е нивниот главен избор. Сепак, редовното консумирање на пијалоци со кофеин може да доведе до зависност од кофеин, што има значително влијание врз телото и секојдневното функционирање.

Дали сте зависни од кофеин?

Едно од првите прашања што можете да си го поставите е дали имате главоболка додека не ја испиете првата шолја кафе. Кофеинот е она што е познато како вазоконстриктор, што значи дека ги стеснува крвните садови и го ограничува протокот на крв, што е многу ефикасно во ублажувањето на главоболките. Ова значи дека ако постојано имате кофеин во вашиот систем, прескокнувањето или дури и одложувањето на утринската шолја кафе може да доведе до главоболки.

Обичната мрзоволност без утринско кафе, исто така, може да биде знак на зависност. Кофеинот е стимуланс, што значи дека ги стимулира центрите за задоволство во мозокот. Ако сте постојано лошо расположени пред да испиете шолја кафе, а особено кога ќе ја прескокнете, може да сте зависници од кофеин.

Еден од најизразените знаци на зависност од кофеин е промената на толеранцијата. Толеранцијата е прагот што го имаат нашите тела во однос на количината на нешто што ни е потребно за супстанцата да делува. Ако сфатите дека вашата толеранција се променила откако сте почнале да пиете кофеин, тоа може да биде знак дека сте зависни од него. Ако вашата толеранција кон кофеинот е зголемена, тоа значи дека е потребно многу повеќе за да го добиете истиот прилив на енергија што една чаша ќе го даде на лице со помала толеранција. Ако сеуште се чувствувате мрзоволно или летаргично по првата шолја, можеби треба да забавите со кофеинот, пишува „The List“.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi