Како податоците од пребарувањата на Google можат да предвидат скок или пад на инфекција со Ковид-19

24 февруари, 2021
google-pretraga-pandemija-910x576

Интересот на луѓето внесени во Интернет-пребарувачот за време на пандемијата, им овозможи на експертите да откријат дали ќе има ширење на инфекцијата со Ковид-19 или намалување на бројот на заразени

Една нова студија спроведена од „Social Network Analysis and Mining“ открива дека пребарувањата на Интернет можат точно да го предвидат регионалниот пораст и пад на инфекција на Ковид-19. Имено, одредени видови пребарувања на Google откриваат активности со кои луѓето планираат да се занимаваат. Вкупниот обем на пребарувања на Интернет за овие активности што се случуваат надвор од домот, во однос на оние што вклучуваат престој дома, предвидува број на нови Ковид дијагнози, и тоа за 10-14 дена подоцна, по „гуглањето“.

Предвидување на инфекции што сè уште не се случиле

Студија на истражувачи од Институтот за математички науки Курант на Универзитетот во Њу Јорк, анализирајќи пребарувања на Интернет, опишува можни начини за откривање на идни инфекции, пред тие дури и да се појават. Истражувачите откриле корелација помеѓу напливот на пребарувања поврзани со активности надвор од домот – активности што би можеле да ги изложат луѓето на ризик од заразување со SARS-CoV-2 инфекција – и зголемувањето на бројот на Ковид-19 случаи во две недели по пребарувањето . Забележано е, на пример, дека бројот на инфекции се намалува кога има зголемување на бројот на пребарувања поврзани со активности што се случуваат дома.

Помош на епидемиолозите и креаторите на здравствени политики

Авторот на студијата, Анасе Бари, доцент на Институтот Курант, забележува дека експертите веќе успешно користеле пребарувач на податоци од областа на финансиите и инвестициите, како што се проучување на сателитски снимки на автомобили на паркинзи за да се предвиди заработката на компанијата.

Мобилност наспроти изолација

Првиот чекор на истражувачите беше да развијат категории засновани на фрази за пребарување или клучни зборови, кои потоа може да ги следат. Двете клучни категории што ги следеа беа наречени индекс на мобилност и индекс на изолација. На пример, во „индексот на мобилност“, научниците класифицираа одредени пребарувања како „театар во близина“, „авионски билети“, „работно време“ и други прашања во врска со активности што вклучуваат некој да замине од дома и да биде физички близок со другите. Според Анасе Бари, „кога некој го пребарува времето на затворање на локално кафуле или ресторан или бара инструкции за локална теретана, тој обезбедува увид во идните ризици што може да ги имаат“.

На луѓето најмногу им недостасуваат овие 3 активности

Истражувачите ја засноваа својата категоризација на клучни зборови врз основа на истражување спроведено од Фондот за демократија + UCLA Nationscape – студија во која испитаниците наведоа работи што би ги направиле доколку се „укинат ограничувањата“ Анализата покажа дека трите главни активности што луѓето ги пропуштиле, а кои најмногу ги сакале, биле „одење на стадион / концерт“, „одење во кино“ и „присуство на спортски настан“. Научниците веруваат дека ова откритие е првиот чекор кон изградба на алатка што може да помогне во предвидување на скокови во случај на лица со Ковид-19 со следење на податоци за активности од интерес за луѓето, што носи поголем ризик од инфекција.