Како сексот влијае на вашата кожа?

21 јули, 2021
Opera Snapshot_2021-07-21_092821_media.pink.rs

Здравиот сексуален живот може да го подобри изгледот на вашата кожа, да го намали стресот и да придонесе нашето тело да биде среќно и здраво.

Она што се случува со вашата кожа е длабоко поврзано со она што се случува во вашиот живот. На пример, стресот, недостаток на секс и непроспиени ноќи може негативно да влијаат на вашата кожа, што може да резултира со сува, збрчкана и чувствителна кожа.

И како сексот влијае на вашата кожа:

  1. Го зголемува нивото на хормони добри за кожата.

Истражувањата покажаа дека жените кои се сексуално активни (вклучително и оние кои мастурбираат) имаат поголемо ниво на естроген, бидејќи количината на хормони се зголемува за време на оргазмот. Естрогенот е клучен за нормалното функционирање на кожата, крвните садови, фоликулите на косата, масните жлезди и меланоцитите (познати како клетки што создаваат пигмент).

  1. Го намалува стресот.

Оргазмите ослободуваат окситоцин, кој го намалува нивото на стрес. Помалку кортизол доведува до помалку распаѓање на колаген и еластин, што доведува до помалку брчки. Едно истражување спроведено на над 3.000 мажи и жени открило дека оние кои имале секс три пати неделно изгледале седум до 12 години помлади од нивната вистинска возраст.

  1. Ја стимулира циркулацијата.

Бидејќи сексот е вид на физичка активност, тој може да го стимулира протокот на крв и кислород во телото.

Сексуалната активност влијае и на здравјето и убавината на вашата кожа, па затоа се препорачува да не го занемарувате сексот, што е многу важно за телото и кожата.

escort - Korsan taksi