КАКО ЗА 90 СЕКУНДИ ДА ГО ОПУШТИТЕ ВКОЧАНЕТИОТ ВРАТ: Смалете ја болката за неполни две минути!

11 април, 2021
234051_shutterstock-1671303919_ff

Вкочанетиот врат може да нè мачи кога спиеме во погрешна положба, кога долго седиме на компјутер или во автомобил, но и кога сме подолго време под влијание на климатизација.

Болката што ја чувствуваме кога вратот се зацврстува, е всушност последица на скратувањето на мускулот на вратот, што се јавува кога го држиме вратот во неприродна положба, или кога сме будни или кога спиеме.

За да го опуштите вкочанетиот врат и да ја избркате болката, можат да ви помогнат едноставни потези, со кои ќе се чувствувате олеснети по само 90 секунди. Три решенија за вкочанет врат донесе американскиот хиропрактичар, д-р Алан Мандел. Може да пробате само една вежба или сите три. Вежбите работат затоа што го издолжуваат мускулот на вратот.

ВЕЖБА 1

  1. Со прстите на спротивната рака на страната на вратот што ве боли (десна рака / лева страна на вратот, лева рака / десна страна на вратот) притиснете го вратот и свртете го настрана додека не почувствувате болка.
  2. Додека го притискате болното место со прстите, свртете ја главата колку што можете настрана.
  3. Потоа користете ги прстите за да го повлечете мускулот на вратот кон внатре или кон клучната коска. Повлечете го мускулот од што е можно повеќе точки на вратот.

ВЕЖБА 2

  1. Како и при првата вежба, фатете го горниот дел од главата со спротивната рака од страната на вратот, свртете ја главата за 45 степени и повлечете ја главата надолу.
  2. Држете од 15 до 20 секунди, опуштете се и повлечете уште повеќе и држете за 15 до 20 секунди.
  3. Вратете ја главата во почетната позиција и повлечете ја повторно надолу, држете 15-20 секунди, опуштете се и потоа повлечете уште посилно.

ВЕЖБА 3

  1. Истата рака се користи во оваа вежба како болната страна на вратот (десна рака / десна страна на вратот, лева рака / лева страна на вратот). Стиснете ја раката во тупаница, притиснете ја на вратот каде што ве боли и навалете ја главата кон тупаницата.
  2. Оставете ја тупаницата да ви „навлезе“ во вратот, а вие ќе знаете дали добро го правите кога ќе чувствувате болка. Држете се во оваа позиција од 15 до 20 секунди.

Погледнете го видеото за прецизно изведување на овие вежби за вкочанет врат: