Кажете му збогум на упорното сало на стомакот: СО ОВИЕ ТРИКОВИ ЌЕ ГИ СТОПИТЕ СИТЕ МАСТИ ОКОЛУ СТРУКОТ ЗА ШЕСТ ДЕНА!

8 јуни, 2021
soveti-slabeenje

Ве мачи кога пробувате тесни фармерки, потребно е многу време и тренинг да се намалат, а доколку придонесе и генетиката, маснотиите околу половината се вашиот непријател во животот.

Пробајте ги овие шест природни трикови за да се изборите против овие немилосрдните наслаги.

Колку пати сте се погледнале во огледало наутро и ви се допаднало она што го гледате, а веќе попладне или навечер забележувате дека вашиот стомак е скоро двојно поголем?

Причината за тоа се вашите секојдневни навики кои предизвикуваат надуеност, а со тоа и визуелно го зголемуваат стомакот. Ако сакате да ги намалите масните наслаги околу половината за само шест дена и без страв да скокнете во омиленото парче облека, следете ги следниве правила:

Намалете го внесот на сол

На храната и дава побогат вкус, но овој зачин задржува вода во организмот, што предизвикува чувство на надуеност, а со тоа и го зголемува вашиот стомак. Значи, солените закуски и брзата храна се забранети во следните шест дена.

Намалете го внесот на јаглени хидрати

Белиот леб за појадок, оризот или тестенините за ручек за многумина се дел од секојдневната исхрана. Но, овие намирници се полни со јаглехидрати и не се пријатели на вашата линија и стомак, затоа исфрлете ги од исхраната. За појадок изберете храна богата со протеини како јајца и сирење, а за ручек фокусирајте се на зеленчукот или подгответе интегрален ориз. Ако сè уште не можете да поминете без леб, консумирајте го интегралниот.

Заборавете на млекото

Интолеранцијата на лактоза може да предизвика дигестивни проблеми и силно чувство на надуеност. Ако не сте сигурни дали припаѓате на оваа група, обидете се да го исфрлите млекото од вашата исхрана најмалку седум дена. Збогатете го кафето со соино или бадемово млеко, и наместо чаша млеко, испијте јогурт.

Бирајте го овошјето

Иако овошјето е здраво, некои од овие вкусни плодови можат да предизвикаат надуеност. Јаболкото, крушата или дињата се многу вкусни плодови, но потешко се варат, па може да предизвикаат гасови. Затоа, изберете цитруси како лимони и портокали, како и бобинки.

Без лути зачини

Лутите зачини го стимулираат лачењето на желудочна киселина, што може да предизвика надуеност и тврд стомак. Иако се здрави, прескокнете ги седум дена и претпочитајте да посегнувате по полесни зачини како босилек, оригано, мајчина душица и слично.

Исфрлете ги овие три намирници

ШАП е кратенка за три работи што вашето тело воопшто не ги сака – шеќерот (рафиниран), алкохолот и пржената храна, тие не се пријатели на линијата и затоа, ако сакате рамен стомак, дефинитивно треба да ги избегнувате.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi