Ќе бидат како нови: Направете го ова и вашите завеси повторно ќе бидат бели

4 февруари, 2023
Screenshot 2021-07-31 155037

Перењето завеси не е лесна работа, особено ако се одлучите за оние од таванот до подот, богато набрани и бели

Поради прашина и чад од цигари, белите завеси брзо ја губат својата боја и добиваат жолтеникав или сивкаст тон. Ова може да се види особено на долгите завеси. Дури и додавањето специјализирани белила често не е доволно за белите завеси да ја вратат старата боја.

Вештите домаќинки пробаа трик што се покажа како спасоносно решение за повторно завесите да бидат бели како снег.

Се што треба да направите е да ставите 20 грама сода бикарбона во првиот дел од дозерот за детергент за перење (без додавање детергент за перење), и една таблета ацетил-салицилна киселина во барабанот на машината за перење, која на пр. ја има во аспиринот.

Истурете ја вообичаената количина детергент во другиот оддел од дозерот, изберете ја програмата на 30 степени и оставете ја машината да ја измие завесата.

Благодарение на сода бикарбоната, сите непријатни мириси што се провлекле во завесата ќе исчезнат, а таблетата со ацетил-салицилна киселина ќе го извлече сивиот, односно жолтиот тон од завесите, па тие повторно ќе станат бели како снег.

Некои домаќинки отишле чекор подалеку, па наместо сода бикарбона, користеле две кесички прашок за пециво. Иако резултатот бил добар, завесите почнале да се распаѓаат по неколку перења, што не се случува ако се третираат со сода бикарбона.