Мали трикови за подолго траење на парфемот

6 октомври, 2021
f2f9e35dfc2c6ac692db78d39eda289e0dea6543

Секој парфем е различен и од него, но и од вашата кожа, зависи како и колку долго ќе се чувствува мирисот.

Сепак, постојат неколку трикови кои важат за секој парфем и така ќе бидете со ист интензитет на мирис во текот на целиот ден.

  1. Не тријте го парфемот

Кога ставате парфем на кожата, вратот, зад ушите или зглобот, никогаш не тријте го.

Триењето ја загрева кожата, создавајќи нејзини природни мириси и ензими кои можат да го променат мирисот.

  1. Нанесете го по капење

Најдобро е парфемот да се нанесува на чиста и хидрирана кожа, а потоа мирисот трае подолго. Ако се истуширате навечер, тоа може да биде една од причините зошто парфемот не останува подолго на кожата.

Исто така, нанесете го на оние делови од кожата што нема да ги покриете со облека.

  1. Не менувајте го местото на чување на парфем

Ако ја промените температурата на која сте го чувале парфемот, тој може да ја смени неговата хемиска структура. Не треба да чувате парфем во бањата, бидејќи температурата таму се менува најчесто и најмногу.

Би било идеално да го чувате на потемно место и на собна температура, а за тоа може да се користи и оригиналната кутија во која може да стои.

  1. Не купувајте големи пакувања

Големите пакувања можеби се попрактични, но подобро е да се изберат помали. Во нив парфемот ќе остане непроменет доволно долго, бидејќи може да го изгуби својот интензитет веќе три месеци по отворањето.

escort - Korsan taksi