ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НЕПОТРЕБНИТЕ МИСЛИ: Овие работи МАЖИТЕ навистина ГИ ЗАБЕЛЕЖУВААТво текот на водењето љубов!

30 јануари, 2022
Screenshot 2021-05-31 214300

Кога станува збор за сексот, многу жени сè уште имаат непотребни грижи за „што мисли и за што размислува нивниот маж“. Дали ги гледа вишокот килограми на стомакот, некои стрии или „кората од портокал“?

Со цел да се избегнат сомнежите, направен е список на работи за тоа што мажите всушност го забележуваат за време на сексот.

Самодовербата

Нема ништо позаводливо од жена која се чувствува сигурно во својата кожа и не се двоуми тоа да го покаже. Кога таа ќе ја соблече гардеробата, тој не ја забележува бикини фризурата, сувата кожа или педикирот, туку еротскиот говор на телото што може да го зашемети за само неколку секунди.

Движењата

Женствено одење, нишање на колковите и движења на телото што издишуваат женственост се едни од најсилните машки сексуални предизвикувачи. Тој не ја гледа вашата фризура или размачкана маскара, туку вашето тело, кое се ниша во согласност со неговите допири.

Изразот на лицето

Страста и копнежот што може да се видат на женското лице се апсолутно неодоливи за мажите. Тој нема да го забележи лосионот со светки, туку изразот на лицето за време на страствените прегратки. Слатките гримаси во екот на сексуалниот чин се нешто посебно и возбудливо за нив.

Облините                         

Голото женско тело во полутемнината на собата е глетка на која никој маж не може да одолее. Тој не ги гледа вашите стрии и целулитот, туку заводлива силуета украсена со женски стомак, задник, колкови и гради.

Мирисот

Секоја личност има свој специфичен мирис на кожата. Тој не сака да го намириса вашиот нов парфем или тоалетна вода, туку природниот мирис на кожата што се интензивира за време на страственото водење љубов, а кој подоцна ќе го почувствува на облеката и чаршафите по сексот.