Ќе спиеме еден час пократко и не само тоа: Како поместувањето на часовникот може да влијае на нашето здравје

27 март, 2021
woman-bed-waking-up-830x0

Дерматолозите велат дека многу луѓе имаат проблеми со кожата во овој период

Летното сметање на времето започнува во недела, 28 март, со поместување на часовникот за еден час напред, односно од два до три часот наутро.

Преминот на летното сметање на времето краткорочно значи еден час пократок сон, но на долг рок тоа носи подолго траење на денот во текот на шест месеци од крајот на март до крајот на октомври.

Како оваа транзиција може да влијае на здравјето

Секоја промена или нарушување во нашиот природен циклус може да предизвика и намалена продуктивност и губење интерес за работа. Во овој период, ние често стануваме подложни на болести и сме повеќе уморни.

Часовникот се поместува нанапред, па ќе спиеме еден час пократко. Дерматолозите предупредуваат дека оваа промена може лошо да влијае на вашата кожа, затоа треба да се преземат одредени мерки за заштита и превенција. Губењето на еден час сон може да предизвика нарушување на внатрешниот часовник што може да влијае на темпото на стареење на вашата кожа.

– Нашето тело е поврзано со нашиот внатрешен часовник на интересен начин. Дури и најмалите промени во овој часовник можат да влијаат на нашето здравје, особено на кожата. Доаѓа до промени во навиките за спиење, температурата на телото, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, нивото на кислород и лачењето на хормони и сè влијае на тоа како изгледа и се чувствува вашата кожа – изјави Кендис Браун, козметичарка од водечка клиника во Велика Британија, пренесува Mirror.

Бидејќи на биолошкиот часовник му треба време да се прилагоди на „вознемирениот будилник“, не треба да ве изненадува ако утре почувствувате силен замор, поспаност, па дури и срцеви проблеми кај постарите лица.

Движењето на часовникот многу влијае на расположението. Ова е особено изразено кај метеоропатите и луѓето со чувствителни крвни садови.

escort - Korsan taksi