КОЕ ВРЕМЕ ОД ДЕНОТ Е НАЈДОБРО ЗА ВЕЖБАЊЕ? За тежината наутро, за мускули навечер

5 октомври, 2021
469769_vezbanje_f

Ако имате проблеми со тежината или само сакате да ги затегнете и дефинирате мускулите, треба да знаете дека времето од денот кога вежбате може да влијае на тоа.

Наутро

Ако сакате да изгубите тежина, утрото е најдобро за вежбање. Телото брзо согорува шеќери наутро, а потоа преминува на мастите. Ако не можете да започнете да тренирате на празен стомак, тогаш земете нешто лесно пред да вежбате, како јогурт, ореви или некое овошје.

Попладне

Ако сте зафатени со обврски претежно во текот на денот, попладневните вежби ќе ви помогнат да „се издувате“ и буквално да го отстраните стресот од вас. Експертите тврдат дека половина час умерено вежбање значително го намалува стресот и го зголемува лачењето на серотонин, хормонот на среќата и задоволството.

Во вечерните часови

Ако сакате да ги дефинирате и изградите мускулите, тогаш вечерните часови се најдобри за тоа. Во текот на денот, со секојдневните обврски што ги имате, мускулите работат постојано, па се загреваат и се снабдуваат со кислород. Вежбањето тогаш има најголем ефект врз мускулите, а тренингот, велат фитнес инструкторите, е полесен. Единствениот недостаток е што вечерните вежби можат да ви го расипат сонот, па затоа најдобро е да ги завршите барем еден час пред спиење.