Кога мажот ќе ја сретне вистинската жена, тој минува низ овие пет фази

18 март, 2021
ljubav-33_1000x0

Повеќето мажи кои не планираат ништо сериозно со жените, еден ден ја запознаваат жената од нивниот живот кога најмалку очекуваат. Отпрвин, тие не се ни свесни за фактот дека нивната сродна душа е пред нив, но постепено оваа жена почнува да го менува мажот и да го менува неговиот поглед кон животот.

Кога мажот ќе ја сретне вистинската жена, тој поминува низ овие 5 фази:

1. Негирање

Кога некое лице чувствува дека е заљубено, првата фаза е секогаш негирање дека тоа му се случува. Мажите кои не се навикнати на сериозни врски не сакаат да прифатат дека во нивните животи се појавила посебна жена. Обично се обидуваат да си кажат себеси дека оваа жена е иста како и другите пред неа. Бидејќи не се подготвени да признаат дека станале слаби, не сакаат да веруваат на никого.

2. Почитување

Во оваа фаза, мажите почнуваат да сфаќаат дека се чувствуваат поинаку со оваа жена. Мажот се чувствува почитуван и треба да почитува. Тој верува дека оваа жена вреди за времето, трудот, почитта и љубовта. Како никогаш порано, тој го цени она што го има и не сака да го изгуби.

3. Доверба

Зад почитта стои довербата во жената. Кога мажот е сериозно заинтересиран за една жена, тој сака да сподели со неа сè, дури и важните работи што му се случиле во животот. Кога ќе почувствува дека оваа жена е вистинската, не се плаши да се отвори пред неа.

4. „Дали сум подготвен за ова?“

Повеќето мажи почнуваат да се сомневаат во себе и во нивната врска. Тие не се сигурни дали се подготвени за сериозна врска, не сфаќајќи дека сето тоа е сериозно. Мажите се плашат дека не се доволно добри, дека ќе бидат повредени, бидејќи тие веќе ѝ се отвориле на таа жена.

Во оваа фаза, многу мажи може да се обидат да побегнат, но на крајот сфаќаат дека жената е премногу важна за нив и стравот од загуба го надминува стравот од неизвесност.

5. Прифаќање

Мажот конечно сфаќа дека таа е најдоброто нешто што можеше да му се случи. Тој прифаќа дека сега е нова личност, дека игрите завршија, оваа жена сега е дел од него и не може да го замислува животот без неа.

escort - Korsan taksi