КОИ АНТИТЕЛА СЕ ПОДОБРИ, оние од вакцината или од прележан вирус? Одговара виролог

22 април, 2021
a122e10cbb199ddcbf617de1fbb09c2bba44a7be

„Во моментот кога ќе се приближиме до бројката од над 2/3 од населението да се вакцинирани, нема да имаме повеќе од 100 нови случаи на ден, ќе биде доволна една добро опремена Ковид болница, а целиот систем, и здравствен и социјален, ќе може да се врати во нормала“ – рече Шеклер за РТС.

Колективниот имунитет би нè приближил до нормалниот живот.

Во последната година на младите им беше кажано дека тие се помалку загрозени, иако ситуацијата многу се промени, така што имаме и млади луѓе со потешки симптоми, а Шеклер смета дека ова е една од причините за нивниот помал одговор на вакцинацијата .

Која е разликата помеѓу антителата од вакцината и по вирусот?

„Може да имате тешка форма и да немате антитела, а тоа понекогаш се случува затоа што вашето тело е целосно исцрпено по борбата против вирусот. Квалитетот на антителото не е ист по короната и вакцината“ – рече д-р Шеклер и објасни дека разликата во тој протеин е кај вирусот каде се создава заштитата, по болеста се јавува на тој N протеин кој е внатрешен а не S протеинот, за кој сите зборуваат и кој е надворешен.

Кога станува збор за вакцините, заклучокот е дека сите вакцини ефикасно штитат од тешки клинички форми, т.е. ризик, само некои создаваат заштита побрзо, некои побавно.

„Со кинеската вакцина имате период од 8 недели кога сте недоволно заштитени“ – вели д-р Шеклер, објаснувајќи зошто се случува луѓето да се заразуваат и покрај вакцината.

„Додека Фајзер и руската нудат високо ниво по првата вакцина. Значи, имате одредена брзина на „Фајзер“ и „Спутник“, но исто така и несакани ефекти, температура, слабост … Додека „Синофарм“ (кинески) ги нема овие несакани ефекти. Значи, постојат предности и недостатоци“ – вели д-р Шеклер.