КОЈ ОБОЖАВА ЈАГОДИ МОРА ДА ГО ЗНАЕ ОВА: Еве како да ги разликувате најдобрите и НАЈСЛАТИТЕ јагоди од невкусните!

11 мај, 2021
кој сака јагоди мора да знае

Во текот на целото лето, ќе имате можност да уживате во здрави и домашни овошја.

Сезоната на јагоди веќе започна , така што одвреме-навреме можеме да видиме полни тезги со ова вкусно овошје на пазарите.

Сепак, како да знаеме кои јагоди се слатки и зрели и кои не треба да ги купуваме?

Ако имате сопствена градина каде одгледувате јагоди, може да се каже дека навистина имате среќа.

Во текот на целото лето, ќе имате можност да уживате во здрави и домашни овошја.

Сепак, луѓето кои живеат во градот обично немаат друг избор освен да купуваат овошје во продавниците и маркетите. За да знаете кои јагоди да ги изберете, треба да обрнете внимание на неколку најважни работи при нивното купување.

Првото нешто на што треба да обрнете внимание е мирисот на јагоди. Слатките јагоди кои се одгледуваат на домашен, здрав начин имаат многу силен и интензивен мирис. Исто така, избегнувајте јагоди премногу сјајни или премногу тврди. Таквите јагоди содржат пестициди кои им овозможуваат да изгледаат свежи што е можно подолго.

Затоа домашните јагоди се распаѓаат многу побрзо од купените бидејќи не содржат пестициди. Избегнувајте јагоди со иста големина бидејќи домашните јагоди никогаш не можат да бидат со иста големина или иста форма.

Друга работа кога станува збор за јагодите е дека домашните јагоди немаат ист вкус од сите страни бидејќи сончевите зраци не можат да ја покријат целата јагода. Ќе ја забележите највпечатливата разлика помеѓу слатките и здравите јагоди и оние кои воопшто немаат вкус, врз основа на нивните стебленца.

Увезените јагоди имаат големо стебленце кое е темно и совршено обликувано, додека кај домашните, слатки јагоди стебленцата се мали и зелени бидејќи неодамна се берат.

Најслатките јагоди имаат иста боја и одвнатре и однадвор, а нивните семиња се многубројни и многу мали. Кога купувате, секогаш изберете јагоди кои имаат средна цврстина – ниту премногу тврди, ниту премногу меки.

escort - Korsan taksi