Кој побрзо се заљубува, мажите или жените: Одговорот ќе ве изненади!

2 февруари, 2022
ljubav-zaljubljeni-par-1-830x0

Ако некогаш сте се запрашале кој се заљубува побрзо – жени или мажи, одговорот веројатно зависи од вашата дефиниција за заљубување и љубов.

Само затоа што чувствувате пеперутки во стомакот, не мора да значи дека сте заљубени, или барем не мора да значи дека ќе биде љубов за цел живот. Можеби она што го почувствувавте е всушност само наплив на страст.

Некои истражувања велат дека мажите се заљубуваат побрзо и повеќе и дека тие се оние кои почесто веруваат во љубов на прв поглед отколку жените.

Дури е докажано дека мажите се тие што први ќе кажат „те сакам“ и кои почесто се прашуваат дали личноста во која се заљубени е нивната сродна душа.

Според истражувањето во кое учествувале 172 испитаници, на жените им треба повеќе време за да стекнат доверба во некого, бидејќи несвесно бараат потенцијален татко на своите деца во својот партнер.

Ова исто така објаснува зошто жените повеќе уживаат во интимните врски кога се заљубени.

Затоа, ако жената веднаш почувствува физичка привлечност, ова може да биде предупредувачки знак. Имено, тоа значи дека таа создала слика за тоа во каков човек се заљубила, што честопати не мора да има врска со реалноста.

Дури и ако се покаже дека мажот е вистинскиот, жената сигурно не може да го знае тоа веднаш.

Затоа, експертите за односи советуваат дека без разлика дали сте маж или жена, да влегувате во врска чекор по чекор. Тие забележуваат дека се потребни дури 18 месеци за да се почувствува вистинска и безусловна љубов.

Иако се смета дека жените се „послабиот“ и поемотивен пол, истражувањата покажаа дека мажите целосно се заљубуваат побрзо.