КОРОНАТА ИЗБЕГАЛА ОД ЛАБОРАТОРИЈА Дали Кина е подготвена за соработка?

13 август, 2021
Screenshot_2

Кина никогаш не одбила да соработува во откривањето на потеклото на корона вирусот, но одбива да ја политизира истрагата, изјавија денеска државните медиуми, цитирани од заменик -министерот за надворешни работи, Ма Џаоси, пренесува Ројтерс.

Кина ќе продолжи со дополнителна истрага за потеклото на корона вирусот, напишано е во заедничка изјава со Светската здравствена организација (СЗО), рече Ма Џаоси, пренесе Ксинхуа.

СЗО во четвртокот ги повика сите влади да соработуваат и да ги забрзаат студиите за потеклото на пандемијата „ковид-19“ и да ја „деполитизираат ситуацијата“.