Куба одобри уште две свои вакцини за Корона вирусот

22 август, 2021
h_56784435-725x483

Куба одобри употреба на уште две вакцини против корона вирусот, кои се развиени од локални научници.

Властите во Куба соопштија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ ​​и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти во испитувањата извршени во три фази.

Кубанскиот центар за контрола на лекови и медицински помагала (CECMED) објави дека е издадено одобрение за употреба на двете вакцини.

Заедничките институции на Куба и Иран работеа на развојот на „Соберна два“.

Иран веќе одобри вакцина наречена „Пастерковак“.

Во јули, Куба ја одобри својата прва вакцина против ковид-19 „Абдал“.

escort - Korsan taksi