Експерт за врски и секс открива 3 митови кои го уништуваат сексуалниот живот

23 мај, 2021
Screenshot 2021-05-23 211748

Трејси Кокс, британска авторка и колумнистка специјализирана за книги за излегувања, секс и врски, откри вообичаени заблуди за сексот кои едноставно не се точни

Меѓу другото, мажите не размислуваат за секс скоро онолку колку што им се припишува

Ќе ви откриеме 3 работи што повеќето луѓе МИСЛАТ дека ги знаат за сексот и сексуалното однесување – но тие навистина немаат никаква основа

Има толку многу сексуални митови кои копнеат да бидат откриени, па затоа е тешко да изберете само неколку. Секоја година, разни сексуални истражувања смело откриваат работи за кои мислиме дека се врежани во камен, а ниту оваа, ниту минатата година не се исклучок. Ви носиме 3 сексуални митови – разоткриени!

1. Мажите не можат да доживеат оргазам без ејакулација

Од сите сексуални факти, ова е она што најмногу ги изненадува луѓето. Претпоставуваме дека оргазмот и ејакулацијата се едно исто, но тие всушност се посебни процеси. Ејакулацијата се јавува во простатата и уретрата затоа што мускулните контракции ја исфрлаат спермата од телото. А во мозокот се јавува оргазамот. Во скенирањето на мозокот кај мажите, оргазмот е како епилептичен напад: електрична бура што го преплавува мозокот. Започнува од „точка без враќање“, проследено со почеток на ејакулација по една до три секунди.

Тие апсолутно можат едно без друго, а се чини дека оргазмот е пријатниот дел. (Мажите кои доживуваат ејакулација без оргазам доживуват ниско задоволство.) Добро позната студија (Хартман и Фитијан), во која беа опфатени 10.000 часа снимање на луѓе како мастурбираат и имаат секс додека се поврзани со лабораториски уреди, откри дека 12 проценти од мажите можат да доживеат оргазам без ејакулација или губење на ерекцијата.

2. Главоболката значи дека нема да сакате секс

Тоа може да биде вистина за повеќето, но не и ако имате мигрена. Студија (спроведена на Универзитетот Вејк Форест) открива дека страдалниците од мигрена пријавуваат поголеми нивоа на сексуална желба и не ја избегнуваат сексуалната активност при напади на главоболка. Зошто? Се верува дека сексуалната желба и главоболките од мигрена се погодени од истата хемикалија на мозокот.

3. Не можете да го скршите пенисот

Фрактура на пенисот е можна и се случува. Обично се јавува кога двојката ја менува положбата додека пенисот е сè уште исправен и внатре, наместо прво да биде изваден, а потоа преместен во другата позиција. Тоа е многу болно за мажот, но не е трагедија.