Функционира само на филмовите: Тои Тои на некој фестивал и уште неколку најлоши места за секс

11 април, 2021
3ee8c4f9c94562c2e2fe5955e1fa5c4f_articlemain

Ако веќе нема да ги чувствувате нозете, тогаш сакаме да биде од задоволство, а не застој на крвта.

Со намера да им дадеме на сите подобро сексуално искуство, ви ги неосиме трите најлоши и најмалку задоволувачки места за секс. Благодарение на филмовите, многумина од вас сметаат дека овие места се совршени за истражување, но тие без сомнение нема да обезбедат ништо друго освен физичка болка, многу пот и минимално задоволство со повремени сериозни повреди. Време е да ги ставите на црната листа!

1. КУЈНСКИ ЕЛЕМЕНТ

Звучи безопасно и, без сомнение, изгледа одлично во филмовите и затоа разбираме зошто ја пропуштивте крајно очигледната причина зошто таа идеја е осудена на пропаст во нашиот случај. Ние ќе објасниме: просечната висина на кујнскиот елемент е околу 90 см; малку повеќе од просечниот машки колк. На тоа додадете и свиткано или закосено женско тело и не е тешко да заклучите дека ќе го изгубите чувството во нозете дури и пред воопшто да започне пенетрацијата. Секој обид или промена многу брзо ќе ја убие секоја атмосфера и нема да заврши успешно, дефинитивно не со среќен крај.

2. ВОДЕНИ СПОРТОВИ

Без разлика дали станува збор за џакузи, базен, медитерански залив или туш кабина, сексот во која било вода е едноставно преценет и не треба да се проба без неколку литри лубрикант, иако и тогаш тоа нема да биде премногу исплатлив. Џacакузито можеби не е целосно осудено на пропаст, се разбира, ако можете да го задржите здивот четири или повеќе минути. Па, мислам дека можеме да се согласиме дека вашето време и енергија ќе бидат поисплатливи на друго место.

3. ФЕСТИВАЛСКИ ТОАЛЕТ

Во најдобар случај, ќе бидете во состојба да изведувате неверојатни сексуални акробации што го прават сексот толку добар што дури и не ја чувствувате изразито непривлечна смрдеа од мешавина од разни телесни секрети. Во најлош случај? Проклетата работа ќе се сруши со вас во неа. О да, не би било прв пат.

escort - Korsan taksi