И на жените и на мажите, ова им е омилената поза

7 март, 2021
glavna mozda-1569820444_1000x0

Според истражувањето спроведено на 2.000 испитаници од двата пола и од различна сексуална ориентација, постои една поза што ја сакаат сите, а тоа е „doggy style“, пренесуваат медиумите.

Според тимот на д-р Ед (најпопуларниот онлајн лекар), испитаниците ја споменале оваа поза затоа што „им дава најголемо задоволство и најдлабока пенетрација“.

Втор фаворит е мисионерската позиција, додека трета е „каубојката“ (кога таа е горе). Интересно, позата за која често се зборува помина прилично лошо. Аналниот секс е на ниско деветто место кај мажите, додека кај жените не е ниту меѓу првите 10. Истражувачите беа изненадени што дури и позата 69 е попопуларна од аналниот секс, а омилена секс е поза е иста за секого, без оглед на сексуалната ориентација.

Заинтересирани се за секс на маса

Испитаниците исто така биле прашани за која позна биле најмногу заинтересирани и повеќето имале најмногу прашања во врска со сексуалниот однос на маса (додека едниот партнер седел на работ на масата, а другиот продирал стоечки), како и детали за позата 69.

Според испитаниците, мажите претежно учат за своите омилени пози преку Интернет, а малку помал број гледајќи филмови за возрасни. Жените научуваат најмногу за своите омилени пози од своите партнери, пренесуваат медиумите