И ТОА Е ВОЗМОЖНО: Како да го освоите СЕКОЈ маж!

11 јуни, 2021
Screenshot 2021-06-11 163211

Иако можеби мислите дека се комплицирани, мажите се всушност многу едноставни суштества. Навистина не е толку тешко да ги привлечете, но факт е дека некои можеби е малку потешко да ги натерате да се посветат и да се смират.

Алан Хамрахан, познат блогер, реши да ја сподели оваа тајна со жените: „Мажот не смее да биде стопроцентно сигурен дека жената го сака, тој мора да биде во неизвесност доволно долго додека не сфати дека не може без неа.“ Покрај овој совет, тој понуди уште неколку:

Никогаш не прашувајте каде оди врската

Ако го прашате тоа, најверојатно и најзаинтересираното момче малку ќе повлече закочи. Мажите не сакаат да се чувствуваат заробено и ако му дадете до знаење дека сакате точно да дефинирате каде одите, тој може да се исплаши. Покрај тоа, со ова прашање, му давате до знаење дека сте приврзани за него и дека ве има, така да се каже, што му дава можност да ве врти околу малиот прст.

Бидете свесни колку вредите

Мажот ќе ве „плати“ точно онолку колку што мислите дека вредите. Ако знаете што сакате и не прифаќате компромиси, ќе добиете поголема почит отколку жените кои се подготвени да жртвуваат сè само за да задоволат некого. Жените кои се продаваат ефтино, немаат долг рок на траење.

Знајте да кажете не

Жената која знае да каже „не“ испраќа јасна порака дека е подготвена да го изгуби момчето, но никогаш и самата себе. Овој став понекогаш и ќе ве чини некој маж, но вистинските бараат токму такви жени.

escort - Korsan taksi