ЉУБОВ ИЛИ КОМБИНАЦИЈА? Со овие ШЕСТ „АКО“ сè ќе ви биде јасно – нема повеќе дилеми!

10 март, 2021
Screenshot_2

Тешко е да се направи разлика помеѓу тоа дали сте му прирасле при срце или само сака да ги изгужва чаршафите со вас.

Вакво нешто обично е предизвик на самиот почеток на врската, кога многу работи сè уште изгледаат – нејасни, иако не е невообичаено работите да бидат доста недефинирани со текот на годините.

Ако веќе некое време се гледате со личност со која сте во интимна врска, многу е можно да барате знаци кои можат да ви откријат дали сте само некој со кого имате фантастичен секс или, всушност, и му значите нешто. Со цел да ви помогнеме малку, ги посочуваме следниве разлики помеѓу љубовта и сексот.

АКО ИМАТЕ СЕКС СЕКОГАШ КОГА ЌЕ СЕ ВИДИТЕ- тоа е само секс

Дали вашиот телефон е преполн со неговите пораки во кои ви кажува колку многу ве сака и како едвај чека да ве види во својот кревет? Ако сите негови напори да ве види се сведени на кревет, под или на кое било друго место за секс, не е тешко да се заклучи дека вие сте всушност само некој што го повикува во ситуации кога сака да ја задоволи својата желба за секс.

АКО ПОМИНУВАТЕ ВИКЕНД ЗАЕДНО БЕЗ СЕКС – тоа е љубов

Далеку од тоа дека отсуството на секс значи дека љубовта е присутна. Но, ако сексот не е приоритет, но во приказната се вклучени и други работи како правење заедничка вечера, филмски маратон, разговор што трае со часови, тоа покажува дека тој се грижи за средбата со вас, а не само дека ве посакува во хоризонтала позиција.

АКО Е ВООДУШЕВЕН СО ФАКТОТ ДЕКА МОЖЕ ДА ВЕ ЗАДОВОЛИ- тоа е само секс

Иако мажите кои не се грижат за девојките со кои имаат секс, мислат само на сопственото задоволство, има и такви што се доволно паметни да знаат дека кога работите ќе се вжештат доволно, тоа автоматски значи поголемо задоволство за обете страни. Затоа, фактот дека тој сака да ви пружи задоволство не треба да се меша со љубовта.

АКО САКА ДА СЕ МИЛУВА СО ВАС- тоа е љубов

Наместо да сметате колку пати сте му се допаднале и колку пати тој ве задоволил, обрнете внимание на фактот дали тој сака да биде во ваши прегратки и колку е нежен кога ќе ве допре. Ако после секс, тој остане во кревет и продолжи нежно да ве гали и бакнува, тоа значи дека не – завршил со вас, по завршетокот.

АКО ВИ ДОДЕЛУВА КОМПЛИМЕНТИ КОИ НЕ СЕ ТОА – тоа е само секс

Ако ви даде комплименти за тоа колку добро изгледате во кревет и како го сака вашето тело, тој не зборува за вас и за тоа да ве сака вас, туку за вашето тело. Ваквите комплименти се поразителни и не треба да ги мешате со вистински комплименти изречени од маж кога е навистина заљубен.

АКО ВИ ДАВА КОМПЛИМЕНТИ КОИ НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО ВАШЕТО ТЕЛО – тоа е љубов

Без разлика дали сте во спална соба или надвор, маж кој чувствува нешто за вас ќе ви каже дека ве сака, дека му се допаѓа вашата близина, дека е воодушевен од вашата насмевка, авантуристички дух итн. Тој исто така ќе нагласи дека ја сака вашата спонтаност, искреност, лојалност.