Мажите не знаат да ве задоволат? Овие 5 жени откриваат што би сакале нивните партнери да направат барем еднаш во кревет, прочитајте ги нивните совети и желби

21 мај, 2021
Screenshot 2021-05-21 000756

Ако ви треба инспирација и дополнителен зачин – вие сте на вистинското место

Има нешто посебно и безбедно во сексот со долгогодишен партнер. Имало доволно време и двајцата да откријат што „работи“ кога станува збор за достигнувањето оргазам, а интимноста е пријатна сама по себе. Но, иако жените може да уживаат во придобивките од безбеден сексуален живот, тоа не значи дека не се подготвени ниту за малку авантура!

Еве што откриле неколку жени, за веб-страницата КафеМом, за своите копнежи кога станува збор за сексот. На прашањето да наведат една работа што најмногу би сакале нивниот партнер да ја испроба барем еднаш во кревет, тие наведоа голем број интересни предлози. И, ако ви треба инспирација и дополнителен зачин во вашиот сексуален живот, прочитајте ги нивните одговори, советува Živim.hr.

Мала таблетка

Мојот сопруг имаше некои здравствени проблеми кои му оставија еректилна дисфункција како резултат. Лекарот му дал рецепт за лек кој ќе му помогне во тоа, но тој одбил да го земе. Би сакала да ја испроба таа мала таблета само еднаш за да видиме дали работи. Тоа би ни помогнало и двајцата да имаме помалку стрес во креветот, сигурна сум.

Забавни костими

Во последно време се повеќе и повеќе се забавуваме со костумирање во некои карактери што ги сакаме од научно-фантастични романи и филмови. Но, поради некоја причина сè уште не сме префрлиле ниту еден од овие костими во спалната соба и ми се чини дека ова може да биде многу забавно. Ми се чини дека и двајцата се чувствуваме непријатно за гласно да ја изговориме таквата идеја и да предложиме нешто ново во сексот.

Малку помалку предвидливост

Непријатно ми е да признаам, но ние сме прилично досадни во спалната соба. Ниту еден од нас немаше многу искуство во сексот пред да ја започнеме врската и сега имаме некоја своја рутина на која се држиме. Би сакал малку помалку рутина и предвидливост, можеби да пробаме да носиме маски или нешто ново за време на сексот.

Да излеземе малку надвор

Се обидов да го прашам сопругот дали сака малку да „си играме“ некаде во природа. Би сакала да претворам едно од нашите планинарења за време на викендите во нешто малку посекси. Но, морам да му помогнам да ја надмине одбивноста кон бубачките и комарците.

Труднички секс

Малку е депресивно, но јас сум бремена со моето прво дете и мојот сопруг не сака да води љубов со мене, бидејќи мојот стомак стана видлив. Тој се грижи дека може да му наштетиме на бебето на тој начин, иако многупати му реков дека тоа не може да се случи. Навистина би сакала тој да го надмине тој страв и барем да се обиде да водиљубов со мене! Јас сум идна мајка, но сепак имам сексуални нагони.

escort - Korsan taksi