Меѓу петте точки што момците најмногу сакаат да им ги масирате не е оној дел од телото на кој веднаш помисли вашиот валкан ум

19 мај, 2021
8a299d4a0e4d3aaca829acf50c9117359fe8db80_articlemain

Експертите ни објаснија како да го направиме тоа најсензуално …

1. Грбот

Кога ќе легне на стомак, ставете го коренот на левата дланка на долниот дел од неговиот грб, веднаш до ‘рбетот (но не на него затоа што никогаш не се масира) и насочете ги прстите налево. Потоа притиснете го коренот на десната дланка на дното на грбот, десно по ‘рбетот и свртете ги прстите надесно. Стиснете силно со двете раце, сè додека не склизнат на креветот. Повторете сè, овој пат почнувајќи околу десет сантиметри повисоко на грбот. И така сè додека не стигнете до рамото.

2. Вратот

Тој нека седне на стол, а вие застанете пред него. Нежно ставете ги рацете на секоја страна од вратот, веднаш под неговите уши. Движете ги кон задниот дел на вратот, зголемувајќи го притисокот малку, така што прстите да се сретнат на задниот дел од вратот. Повторете неколку пати.

3. Рамењата

Откако ќе легне на грб, ставете ги палците на секоја страна од дното на вратот. Полека притискајте ги прстите по неговите мускули движејќи се дијагонално надолу додека не стигнете до лопатките. Повторете неколку пати.

4. Бутовите

Додека лежи на грб, формирајте ја буквата С со двете раце и прегрнете му го бутот (палците треба да ви бидат на предниот дел од неговите нозе, а другите прсти на страна). Потоа стиснете ги рацете околу неговите бутови. Повторете ја истата постапка неколку пати.

5. Градите

Додека лежи на грб, ставете ги рацете така што врвовите на прстите да ви бидат на неговите рамена, а палците над мускулите. Со среден притисок масирајте, движејќи се надолу. Потоа, повторно со среден притисок, измасирајте ги градите во круг и започнете од почеток.

escort - Korsan taksi