Најпосакуваните заводници не се откажуваат од нив: 3 работи за кои мажите мислат дека се маани, а жените ги ОБОЖУВААТ

14 јули, 2021
324870_muskaracizenaseljubeshutterstock-1544540093_ff

Постојат чудни начини на привлекување и има простор за овие „несовршености“, барем ако ги прашате девојките

Драги мажи, иако се чувствувате подотерано кога ќе се ослободите од овие ситници за кои многумина веруваат дека се маани, слободно оставете ги како што се затоа што дамите, всушност, лудуваат по нив!

Брада од неколку дена

Студија објавена во Журнал за еволутивна биологија, во која 8.500 жени пресудија дека мажите со брада се несомнено попривлечни од свежо избричените! Покрај тоа, се покажа дека девојките сакаат момци кои последен пат се избричиле пред околу десетина дена, но веднаш зад нив на списокот се оние кои ја пуштаат брадата веќе четири недели.

Очила за вид

Дали повеќе сакате леќи затоа што мислите дека изгледате помажествено без очила? Голема грешка!

Бројни студии покажаа дека жените обожаваат мажи кои носат очила, и т.н. „бубалица изглед“ е апсолутен хит во изминатите десет години. Тајната е дека наочарите оставаат впечаток дека сте искусен, зрел и интелигентен – и која жена би одолеала на ваквите карактеристики?

Седи влакна во косата

Првиот сивокос холивудски заводник беше Ричард Гир, а по него Џорџ Клуни се сметаше за фатален, додека дури и за помладите актери кои ги имаат првите седи како Рајан Гослинг, жените тврдат дека се попривлечни со возраста! Во секој случај, жените повеќе паѓаат на сивокоси мажи, отколку на оние што многу агресивно ја бојат косата и ги кријат своите години.

escort - Korsan taksi