САКАТЕ ВАША ВРСКА ДА УСПЕЕ? Обрнете внимание на грешките што можат да ЈА УНИШТАТ секоја врска, а несвесно ги правите

11 мај, 2021
576731_profimedia0303092310_ls

Важно е дека дури и кога сте во врска, секогаш треба да наоѓате време за вашите пријатели затоа што на тој начин вашиот квалитет на живот ќе биде многу подобар.

Ако го сакаме нашиот партнер и сакаме врската да успее, многу е важно да се обидеме и да дадеме се од себе… Запомнете, љубовта ја прават сите оние ситници, зборови и постапки што треба да се прават секој ден.

Сепак, сите ние понекогаш свесно или несвесно правиме одредени работи, кои можат негативно да влијае на нашата врска.

За да спречите тоа да се случи, дефинитивно треба да знаете кои работи треба да ги избегнувате или да обрнете внимание на нив.

Не поминувате време со пријателите

Без оглед на тоа колку долго сме во врска, сите треба да поминеме малку време и со нашите пријатели. Се случува доста често кога некое лице влегува во врска, да започне да ги запоставува своите пријатели.

Важно е дека дури и кога сте во врска, секогаш треба да наоѓате време за вашите пријатели затоа што на тој начин вашиот квалитет на живот ќе биде многу подобар. Запомнете дека пријателите се важен дел од вашиот живот.

Ги користите овие 4 зборови кога се расправате

Експертите велат дека одредени зборови секогаш треба да се избегнуваат кога се расправате со партнерот. Првиот збор е „треба“. Користењето на овој збор покажува чувство на фрустрација затоа што вашиот партнер не ги исполни вашите очекувања. Другиот збор е „секогаш“. Овој збор прави вашиот партнер да се чувствува како никогаш да не смеел да прави било каква грешка.

Третиот збор е „никогаш“, што може да доведе партнерот непотребно да започне да се брани. И последниот збор е „ама“ што може да доведе до тоа да не го земате предвид она што вашиот партнер го кажал пред вас.

Размислете дали често ги користите овие зборови, па ако вашиот одговор е да, обидете се да најдете подобар начин за комуникација со вашиот партнер.

Не се заблагодарувате на вистински начин

Неколку пати ви се случило вашиот партнер да направи нешто убаво за вас, а вие да му кажете: „Благодарам, не требаше“. Ова не е најдобриот начин да ја искажете својата благодарност. Едно истражување открило дека кога некому ќе му заблагодарите за подарок или убав гест, треба да го сторите тоа со позитивни чувства.

Ако вашиот партнер ви купи букет рози, најдобриот начин да му се заблагодарите е да кажете: „Благодарам, преубави се“.

Легнувате во различно време

Иако едно истражување покажа дека жените сакаат да одат во кревет истовремено со нивните партнери, ова не е баш најточно кога станува збор за праксата. Всушност, околу 75 проценти од паровите одат во кревет во различно време и тоа се случува од различни причини, како што се работа, време поминато на Интернет, различни распореди за спиење и слично.

Го заборавате бакнежот за добра ноќ

Современиот начин на живот бара од нас да работиме напорно, да одговараме на е-пошта, извршување на домашните работи и слично, што може да нè натера да заборавиме на некои работи што се исклучително важни.

Понекогаш се случува односот со партнерот да го земеме здраво за готово и да заборавиме на малите нешта што се всушност важни за нас, но и за партнерот. За да спречите да се оддалечувате еден од друг, не заборавајте да го бакнете вашиот партнер за добра ноќ.

Не поминувате доволно време заедно

Ако сте премногу фокусирани на други работи, како што се вашата кариера и работа, и му обрнувате малку внимание на вашиот партнер, тоа дефинитивно може да и наштети на врската. Овие работи секако се важни, но важно е да не заборавите на потребите на вашиот партнер.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi