Што сакаат мажите во врската: Најважно им е она на кое многу жени не помислуваат

13 мај, 2021
shutterstock284104211-830x0

За успех на вашата врска, би било пожелно да разберете што е важно за мажите за добар емотивен однос.

Во филмот „Што сакаат жените“, главниот актер Мел Гибсон се облекува како жена, се депилира и дава се од себе за да сфати како жените размислуваат за подобро да ги разбере, но, во неговиот случај, за деловни цели.

Не мора да се однесувате како Гибсон, но за успех на вашата врска би било пожелно да разберете што е најважно за мажите за добриот емотивен однос.

Жените често мислат дека ги познаваат мажите многу подобро отколку што навистина е.

Заљубувањето за нив е исто толку важно како за дамите, но има нешто во врската што им е поважно од физичката блискост.

Она што мажите го сакаат повеќе од што било кај својата партнерка, а за кое често не се свесни ни самите, па не знаат како да го изразат како потреба, е почитта.

Пред да започне да размислува за љубов, најважно за мажот е да почувствува дека жената го почитува.

Кај повеќето мажи, оваа потреба е формирана во несвесното и станала модел на прифаќање од најраното детство. Тие го поставуваат тоа како критериум во конкуренцијата со други момчиња во различни активности, од спортски до оние детските препирки.

Секој од нив некогаш бил најдобар во нешто, што им носело почит и восхит од другите.

Клучот што му го отвора срцето

Како партнерка и жена, треба да разберете дека начинот на кој се однесувате кон вашиот маж е клучот што му го отвора или затвора срцето.

Кога зборувате со него, обидете се да му покажете дека го почитувате, без разлика дали се шегувате или сериозно го критикувате.

Начинот на кој зборувате со него додека го критикувате, тонот на вашиот глас, како и говорот на вашето тело значат повеќе од какви било убави зборови што ќе му ги кажете во моменти на нежност.

Без разлика дали станува збор за „блага“ шега, нешто во што не е добар или критика што сопругата ја упатува кон својот долгогодишен сопруг, ако жената не внимава, мажот ќе се чувствува како да не го почитува.

Тоа ќе го натера да не верува во нејзината љубов. Ако тонот на неговата партнерка не покаже почит, тој ќе го сфати тоа како порака дека таа смета дека не е способен да се грижи за себе без нејзината помош.

Експертите, сепак, велат дека ова не значи дека жените треба се да премолчуват, но треба да избегнуваат со тонот и говорот на телото да испраќаат порака – неспособен си.

Совет до жените е да размислуваат за тонот на нивниот глас и зборовите што ги избираат за критика и да ги истакнат неговите недостатоци со почит кон неговата личност и интегритет.

Ако го сторите тоа, тој ќе сфати дека вашата љубов кон него е искрена и ќе ви се отвори. Тој ќе почувствува дека го прифаќате како личност, и од негова гледна точка, тоа ќе значи дека можете да ја прифатите и неговата љубов.

Ако сакате нешто повеќе со мажот со кој излегувате, проверете дали тој се чувствува почитуван. За возврат, тој ќе ве почитува, и тоа е најдобрата почетна точка за сè понатаму што ја прави љубовната врска.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi