Трендовите во сексот се изменија, а ние ви ги претставуваме најзабавните!

19 февруари, 2021
glavna-738374161_400x0

Сакаме што побрзо да ја заборавиме претходната година, многу работи се променија, па дури и односот на луѓето во сексот.

Случајните авантури беа сведени на минимум, а сопружниците беа повеќе свртени еден кон друг. Некои го искористија за да ги прошират сексуалните искуства, а продавачите на сексуални играчки ги триеа рацете затоа што годината што стоеше зад нас беше рекордна кога станува збор за нивно купување. Погледнете што предвидуваме дека ќе се случи во следните години.

Оваа година ќе биде повеќе насочена кон сексуалните играчки за максимална стимулација на клиторисот, не само за нејзиниот видлив дел, туку и за скриениот. Претходно, играчките за жени беа големи и грди, а причината за тоа е што ги дизајнираа мажи. Сега секс играчките ќе бидат толку убави што ќе можете да ги ставите на полица во собата како украс каде секој што ќе влезе ќе може да му се восхитува на нивниот изглед.

Бакни ме брзо, брзам!

За време на пандемијата, се навикнавме да работиме од дома. Како резултат на тоа, Интернетот доминираше, па многумина започнаа социјално вмрежување и виртуелно запознавање. Нема повеќе губење време. Живееме во брза средина каде што сакаме сè веднаш и сега, така што запознавањето едни со други во виртуелниот свет не е невообичаено. Ќе запознаете нов потенцијален партнер без да губите време, ќе донесувате одлуки побрзо дали сакате да се вклучите во нешто повеќе со таа личност или не.

Врска на далечина

Бидејќи дејтот се пресели во виртуелниот свет, таму се пресели и сексот, дури и кај постарите парови. Бидејќи постарите генерации веќе совладаа испраќање пораки, зголемување на слики, користење на разни социјални апликации, сега е време да се запознаат со други области на технологија, како што се производи за далечинско уживање. Добро познатата компанија од Стокхолм дури создаде и нова генерација на интегрирани апликации кои им овозможуваат на паровите кои во моментот се разделени полесно да продолжат да уживаат еден со друг. Не чекајте и нурнете во иднината подготвени.

Свој сопствен велемајстор

Имавме доволно време да го истражиме нашето тело за време на пандемијата и да научиме што најмногу ни одговара за да достигнеме кулминација. Преродбата на мастурбацијата продолжува и оваа година, а тоа е поддржано со нагло зголемување на продажбата на секс играчки.